Извештај на Хелсиншки комитет: Говор на омраза во предизборие, работничката криза повеќе ги погоди работничките

-Од почетокот на кризата во март 2020 година, Хелсиншкиот комитет редовно спроведува мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави извештајот за јуни во кој дава осврт на општествено-политичкиот контекст во земјава, при што нотира дека кризата несразмерно повеќе ги погоди работничките, Владата мора да обезбеди континуирана заштита на текстилните работнички за време на пандемијата. Се регистрира говор на омраза во предизборие, како и зачестени инциденти од омраза мотивирани од политичка припадност.

-Од почетокот на кризата во март 2020 година, Хелсиншкиот комитет редовно спроведува мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Имајќи го предвид горенаведеното и следејќи го развојот на настаните, Хелсиншкиот комитет во својот извештај за јуни особено дава осврт на спроведувањето на мерките и нивното директно влијание врз граѓаните. Слично како и за изминатите месеци и согласно со утврдениот тренд, вниманието треба да се насочи кон справување со социо-економската криза како резултат на пандемијата – заштита на маргинализираните заедници, соодветна имплементација на мерките, соодветен надзор и примена, се наведува во Извештајот.

Овој месец се забележува повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми што, како што се наведува, е директен резултат околу релаксирањето на заштитните мерки и укинувањето на полицискиот час, непочитување на мерките на Владата од страна на дел од религиските лидери, како и зголемување на бројот на случаите со Ковид-19 кон крајот на месецот.

Се посочува во текот на месецот се забележа енормно зголемување на новозаболени граѓани со Ковид-19 што предизвика негативен дискурс кој воедно доби и етнички карактер како резултат на бројот на заболени по општини.

-Во јуни, четвртиот месец како се справуваме со здравствената криза предизвикана од коронавирусот и последиците кои произлегоа од тоа, регистриравме 30 пријави за прекршувања на работничките права и една пријава од работодавач. Случаите во најголем број се однесуваа на неисплаќање и/или намалување на платите на работнички кои биле ослободени од работните обврски согласно со владините мерки, како и на непреземањето соодветни чекори за заштита на работниците, се посочува во Извештајот на ХК.

ХК ја поздравува реакцијата на Државниот инспекторат за труд кој утврди прекршување на работничките права во претходно објаснетиот случај со работничките, и смета дека е позитивен исчекор кон заштита на работниците во овој несигурен и тежок период. Државниот инспекторат за труд, сепак, потфрлува во искористувањето на својата надлежност да ги повика на одговорност сите работодавачи кои ги загрозуваат работничките животи, за сметка на профитот, стои во Извештајот.

-Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагираше на најавите дека повеќе текстилни фабрики во Штип ќе работат за време на полицискиот час во викендот на 6 и 7 јуни. Согласно со добиените информации од терен, текстилните фабрики во пресрет на полицискиот час имале извадено или биле во процес на вадење дозволи за работа, а работодавачите им најавиле на своите вработени дека ќе работат за време на полицискиот час, се наведува во документот.

Слично како за април и мај 2020 година, ХК продолжи да евидентира голем број пријави за говор на омраза на социјалните медиуми, што резултира со вкупно 105 верификувани пријави за месец јуни. Најголем број од случаите, како што стои во извештајот, кои беа регистрирани во јуни се однесуваа на ситуацијата со пандемијата со Ковид-19 и одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

-Реакциите на социјалните медиуми се должат на драстичниот пораст на новозаболени лица со Ковид-19 од почетокот на месецот, кои добивајќи и етнички предзнак предизвикаа зголемен говор на омраза на социјалните медиуми. Слично како и за мај и април, најголемиот број пријави се регистрирани по последниот карантин поврзан со христијанскиот празник Духовден (неделата од 16 до 19 јуни). Слично како и во јуни минатата година, кога се одржа првата Парада на гордоста во Северна Македонија, во последните три дена од месецот Хелсиншкиот комитет за човекови права утврди зголемен тренд на говор на омраза по основ на сексуална ориентација и родов идентитет по повод серијата настани поврзани со одбележувањето на Месецот на гордоста, пишува во Извештајот.

Според анализата на ХК, големиот број пријави за говор на омраза во овие две категории дополнително се должи на вжештената политичка ситуација во државата во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори. Дополнително, кон ова придонесе и изјавата на лидерот на ДУИ дека е време за албански премиер во земјава. Од анализата на досегашните трендови, Хелсиншкиот комитет предупредува за зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во тек на предизборна кампања и ги повикува надлежните институции да покажат проактивност во санкционирањето на овој феномен.

-Во јуни 2020 година се регистрирани десет инциденти од омраза. Од вкупниот број регистрирани инциденти за овој месец, повеќе од половина, шест, се со индиции дека се сторени поради етничката припадност на жртвата, додека пак два инцидента се сторени поради националноста/државјанството на жртвата. Во јуни продолжува трендот од претходните месеци на зачестени инциденти од омраза со политички мотив. Имено, овој месец се регистрирани два инцидента мотивирани од политичка припадност.

Хелсиншкиот комитет заклучува дека во последните три месеци има регистрирано вкупно пет инциденти од омраза мотивирани од политичка припадност, упатувајќи на трендот од претходните години на појава на вакви инциденти за времетраење на предизборието. Овие инциденти се најчесто оштетување на имотот (кршење на партиски штабови и слично) и загрозување на сигурноста преку онлајн-закани упатени кон политичари и симпатизери на партиите.

Утре се навршуват 19 години од погибијата на десетте прилепчани- бранители кај Карпалак

Утре се навршуваат 19 години од загинувањето  на десетте прилепски бранители кај месноста викана Карпалак на автопатот Тетово –Скопје во две илјади и првата година. 

Со положување на свежо цвеќе на спомениците во гарнизонот ,,Мирче Ацев” и ,,Лениште” близу манастирот Света Петка од бројни делегации и од членови на семејствата од загинатите вечерва започна чествувањето на 19 годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители на Карпалак.. Дел од преживеаните на овој крвав настан со бројни забелешки но и потсетувања..

Одбележувањата на 8 август 2001 кои длабоко ќе биде запишан во најновата македонска историја ќе продолжат утре со посета на гробовите на бранителите на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово и пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп..

Лимузина на Ферари се продава за 243.000 евра (ФОТО)

Ferrari 360 Modena во форма на лимузина се нуди на продажба во Австралија.

Автомобилот го продава Егзотик Лимо од Мелбурн по цена од 399.000 австралиски долари, или 243.000 евра. Лимузината се напојува со 3,6-литарски V8 мотор и рачен менувач.

Според достапните информации, автомобилот бил купен во 2003 година, а во 2012 година бил модифициран. Досега има поминато нешто повеќе од 64.000 километри. Внатрешноста е црна и има бар, неколку ТВ-екрани и одличен звучен систем и нуди голем простор за девет патници.

Исто така, компанијата ја изнајмува лимузината за 1.000 долари на час, што е околу 608 евра.

Најмалку 14 патници и двајцата пилоти загинаа во авионската несреќа во Индија (ВИДЕО)

Авионот на „Ер Индија експрес“ со 191 патници што летале од Дубаи се лизна од пистата на аеродромот Кожикоде во Керала, Индија.

Си-Ен-Ен јави дека најмалку 16 лица се мртви, а меѓу нив и двајцата пилоти. Други 46 лица се сериозно повредени. Евакуацијата на авионот е завршена.

Првите снимки од местото на несреќата се појавија на социјалните мрежи. На снимките се гледа дека авионот е преполовен.

Според локалните медиуми, авионот ја промашил пистата и се скршил на два дела. Несреќата се случила за време на поројни дождови кои паѓаат во областа веќе подолго време.

Летот бил организиран за враќање на Индијци дома, кои биле заглавени поради патните ограничувања поради коронавирусот.

Индискиот премиер Нарендра Моди напиша на Твитер дека со болка ја добил вести за несреќата.

„Мислите ми се со оние кои ги загубија своите најблиски. Повредените нека се опорават што е можно поскоро“, порача Моди.

"Авионот на Ер Индија експрес бр. 1344 од Дубаи до Каликута се лизна од пистата во Кожикоде во 19:41 часот по локално време. Нема пријавено пожар за време на слетувањето. Во авионот имало 174 патници, 10 бебиња, двајца пилоти и пет членови на екипажот. „Според првичните извештаи, спасувачките операции се во тек и патниците се пренесуваат во болница за да им биде укажана лекарска помош“, се вели во соопштението на индиското Министерство за транспорт.

Индиските власти апелираа до службите за итни случаи да преземат итна акција по несреќата, пренесува Си-Ен-Ен.

притисни ентер