Извештај на ЕК: Блокадата негативно влијае на кредибилитетот на ЕУ

Секое понатамошно одложување на преговорите со Македонија негативно влијае врз кредибилитетот на Унијата  – стои во извештајот на ЕК за напредокот на земјава кој попладнево треба да биде објавен, а до кој дојде МИА.

Во него се наведува дека земјава продолжува да ги исполнува критериумите за членство, но се нагласува и дека билатералните прашања меѓу Скопје и Софија мора приоритетно да бидат решени.

-Во март 2020 членовите на Европскиот Совет едногласно ја одобрија одлуката да се отворање преговорите за членство со Македонија. Одлагањата во официјалниот старт на преговорите за членство имаат негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ.- Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

Во политичкиот дел од извештајот пак, се наведува потребата од продолжување на реформската агенда и спроведување на законите. Власта треба да продолжи со реформскиот момент и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо да започнува спорадични нови иницијативи – стои во извештајот и се додава дека судскиот систем е „умерено“ подготвен за членство во Унијата.

-Мал напредок е постигнат во однос на спроведувањето на стратегијата за судска реформа со што дополнително се одговара на препораките на Венецијанската комисија и на Експертската група за владеење на правото. - Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

Содржината на извештајот кој целосно би требало да биде објавен попладнево не би требало да се разликува од досегашните велат дел од познавачите. Иако конечната одлука е во рацете на Советот, кој поради бугарската блокада се уште не дава зелено светло за старт на преговори со Македонија, сепак извештајот е добра слика за целосната состојба на земјава – вели Симонида Кацарска.

Покрај за Македонија, Европската Комисија се очекува да ги објави и извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан. Во делот за Албанија, се нагласува дека и покрај предизвиците земјата продолжила да ја покажува посветеноста кон европските реформи. За Србија пак, се очекува препорака и отворање на нови две поглавја, а за Црна Гора се наведува дека има успорување на реформскиот процес.

Вонредна прес-конференција на Арбен Таравари како претседателски кандидат

Вонредна прес-конференција вечерва одржа д-р Арбен Таравари, во Тетово, како како претседателски кандидат на претстојните избори од редовите на албанската опозиција.

“Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна:

1. Имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори.

2. Сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем.

Како што е познато, Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Затоа, мојата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери. Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

3. Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори.

Ова е големата вест! На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции.

Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура.

Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија.”, се наведува во соопштението од кабинетот на Таравари.

Нова ера за моделите на Дачија: Од април алкотест и црна кутија ќе бидат стандардна опрема

Dacia ќе ја ажурира комплетната палета на возила, а покрај визуленото освежување, најзначајната вест е поврзана со новиот сет на безбедносни прописи GSR2. Црната кутија и алкотестот стануваат стандардна опрема.

Романскиот производител на автомобили најави голем број важни новитети во својата понуда. Веста доаѓа како резултат на воведувањето на новата регулатива GSR2, која ќе стапи на сила во Европската унија во јули. Dacia ќе ги ажурира и приспособи сите сегашни модели на новите регулативи почнувајќи од април.

Она што е најважно во однос на новите регулативи, сите модели што ги нуди Dacia ќе добијат нов пакет на безбедносни системи во основната опрема за автомобилите да ги исполнуваат новите GSR2 прописи, пренесува Klix.ba.

Така, сите модели на Dacia ќе добијат: црна кутија како снимач на настани во случај на несреќа, стандарден алкотест уред, кој ќе има можност да го блокира возењето на возач кој е под дејство на алкохол, систем за препознавање сообраќајни знаци со предупредување за брзо возење, предупредување при промена на лента, возач за контрола на вниманието, помош при паркирање наназад, сензори за светло и дожд, автоматско сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, како и систем за предупредување за итно сопирање.

Исто така, сите модели на Dacia ќе содржат шифра за спасување. Тоа ќе биде QR код во форма на налепница прикажана на шофершајбната и задното стакло. Со скенирање на кодот ќе може да се пристапи до списокот за спасување и упатствата, со кои спасувачките тимови ќе знаат, на пример, каде се наоѓа резервоарот за гас во случај на несреќа на патот.

Од визуелните промени, најголемата иновација ја носи Sandero, кој заедно со новата зелена нијанса на боја добива и нова линија на опрема за Journey. Новото ниво на опрема одговара на Extreme верзијата на Sander Stepway и ги носи следните новитети: нови алуминиумски бандажи, нови облоги на прагови и ексклузивни теписи во патничкиот простор. Дотерувањето на Journey вклучува и картичка наместо клуч, потоа камера за рикверц, пренослив држач за телефон и организатор на багажникот.

И Сандеро и Логан сега ќе добијат проширена палета на бои. Најдоминантна нијанса ќе биде Beige Safari, ексклузивна за Sandero Stepway. Исто така, хибридната верзија на Dacia Jogger ќе биде збогатена со нов 7-инчен централен екран, кој е присутен и на новата генерација на Duster.

Дополнително, сите модели ќе добијат USB-C приклучок на дното на контролната табла, уште еден USB-C приклучок зад централната конзола за автомобили опремени со пакетот Comfort, како и рачна клима за Jogger во основната верзија Essential. .

„Само Интервју“ со Панче Тошковски

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Има ли на повидок решение за проблемот со пасошите? Се креира ли намерно хаос со личните документи во предизборието или само така ни се чини?

Ни претстои ли фер и демократски или тежок и историски изборен процес? Има ли доволно време за прочистување на избирачкиот список?

Предизборен фолклор или проблеми од под тепих, можно ли е поместување на „црвените“ линии на ВМРО-ДПМНЕ доколку од тоа им зависи фотелјата на Илинденска?

Се користи ли политичката сцена за спас од гонење за корупциските скандали?

Од адвокат до технички министер, има ли Тошковски амбиции стане прв полицаец доколку има политички пресврт?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Панче Тошковски, веднаш по вестите во 18 часот.

притисни ентер