Изречени 25 казни за неносење маска во тетовско

 Тетовската полиција бележи изречени 25 казни за неносење на заштитни маски, согласно владината уредба за спречување на ширењето на коронавирусот.

Секторот за внатрешни работи – Тетово потсетува дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2.000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице.

– Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со целосно спроведување на оваа Уредба и ефикасно ќе го санкционира нејзиното непочитување, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат нови решенија за изолација изготвени им се на вкупно 64 лицa, додека биле контролирани 352 лица со такви решенија. Изјави за самоизолација потпишале 24 лица, додека контролирани биле 70 луѓе со потпишани изјави за самоизолација.

Во содејство со Државниот пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 49 угостителски објекти.

Мисајловски од кумановско: Потребна е обнова во сите сегменти

Сакам еден апел и до централната и до локалната власт, иако технички премиер Оливер Спасовски, иако локалната самоуправа е на СДСМ немојте да си поигрувате со интелигенцијата на граѓаните.

Носителот на листата од ИЕ2 од ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски и кандидатите за пратеници од оваа изборна единица денеска остварија средби со жителите на кумановското село Љубодраг на кои им ги презентираа проектите со кои настапува Коалицијата на овие парламентарни избори.

Мисајловски истакна дека граѓаните постојано им кажуваат за проблеми од инфраструктура, земјоделците не се задоволни, граѓаните имаат нерешени прашања, за кои рече општината или некој локален функционер не сака да им помогне, бидејќи граѓаните ја дале довербата на ВМРО ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ.

– Сакам еден апел и до централната и до локалната власт, иако технички премиер Оливер Спасовски, иако локалната самоуправа е на СДСМ немојте да си поигрувате со интелигенцијата на граѓаните и немој да ги правите некои граѓани дека се граѓани од втор ред. Ако имаат предмети за легализација не им ги чувајте во вашите фиоки-решете им ги. Ако сте ветиле нешто претходно со децении, дојдете појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зашто тоа сте го ветиле, а не сте го направиле, рече Мисајловски.

Тој истакна дека народот со години е лажен од локалната власт и се соочуваат со проблеми кои со мали зафати се решливи. Носителот на листата ги повика граѓаните да им дадат масовна поддршка за обнова на Македонија, за ВМРО ДПМНЕ и за Коалицијата „За Обнова на Македонија".

Тој рече дека е потребна обнова особено за инфраструктура во Куманово, во руралните средини, вложување на средства за секое населено место,

– Треба обнова на културата, семејните вредности на традицијата или како што ми кажуваат повеќе граѓани ни треба обнова на идентитетот, на македонизмот и на она што сме ние-вели Мисајловски.

Тој се надева дека ќе победат во Куманово и ќе се променат повеќе работи и рече дека и по изборите ќе бидат помеѓу граѓаните за да им се решат реалните проблеми со кои се соочуваат.

Шекеринска: 11 години ВМРО-ДПМНЕ не држеа изолирани, европската перспектива сега е отворена

Ние ветивме ЕУ и НАТО – и тоа го одработивме за само 2,5 години. ВМРО-ДПМНЕ на сите ни изгубија 11 години – и нам и на нашите деца. 

Рековме ќе ги решиме најтешките прашања и ги решивме бидејќи кај нас зборот е збор истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во петтата изборната единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во интервју за Прес24.

Станавме членка а НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, направивме пријатели во светот, ги покачивме платите, 300% ја зголемивме социјалната помош, невработеноста ја намаливме на помалку од 17%, медиумите се сосема слободни и гласни, нагласи Шекеринска.

Не можеш, како што правеше ВМРО ДПМНЕ, на избори да велиш - ќе ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, ќе ги покачиме платите, ќе се погрижиме за сиромашните и за социјалните случаи, граѓаните ќе имаат повеќе пари – а потоа не само да не го оствариш тоа, туку да ја скараш и изолираш земјата со сите, да ја блокираш цели 11 години, да не се ни обидеш да најдеш решение што ќе ја отвори евроатланската перспектива, силно да се противиш на повисоки плати и како власт и како опозиција, да ги погазиш сите права на своите граѓани, да ја згазиш слободата на медиумите, иднината на сопствената земја - а од друга страна да градиш бела палата и да ги полниш своите и сметките на најблиските извршители со парите на граѓаните низ тајни криминални зделки. Тоа граѓаните го паметат и нема да дозволат да се повтори, истакна Шекеринска.

Европската перспектива на државата по 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е отворена и сега претстои период на нејзино исполнување и во процесот на членство во Европската Унија, додаде Шекеринска.

-Преговарачката рамка е промоција на македонскиот јазик како иден службен јазик на Европската Унија. Ние водиме политики на партнерства и пријателства, а македонскиот јазик е признаен и прифатен од целиот свет, впишан во картата на ОН. Договорот со Бугарија која е наш сосед и пријател, е потпишан на македонски јазик. Пропаднаа сите надежи на опозицијата дека ќе можат да го сокријат ова – дека успеавме да се потврдиме во светот со јасен и цврст идентитет - како македонски народ, кој зборува македонски јазик. Ние преку дијалог и пријателство дојдовме до тука, така и ќе продолжиме, порача Радмила Шекеринска, носителка на листата на Коалицијата „Можеме" во петтата изборна единица,.

Јанушев: 640 милиони евра за субвенции, 80 милиони евра за наводнување и 50 % финансирање на набавка на нови грла добиток

Македонија е земја со силен земјоделски потенцијал. Со години земјоделието е потценето, а земјоделецот е оставен на раб на егзистенција. 

Земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да биде искористен, тоа е сектор од во кој многу наши сограѓани може да најдат работат или отворат свој бизнис. Се обврзуваме на обнова на земјоделието, и воведување светски пракси.

Во таа насока планираме 640 милиони евра само за субвенции. Дополнителни 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток од традиционалните сточарски гранки.

Нема да дозволиме земјоделците да плачат и да се мислат како да го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временските непогоди.

Во таа насока се обврзуваме на покривање на 70% од осигурувањето на нивните посеви и насади.

Сточарите ќе ги помогнеме и со намалување на ДДВ за ветеринарните услуги.

Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот.

Исправи се Македонијо!

Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер