Израелскиот парламент бара кандидат за нов премиер, ќе има ли трети избори?

Израелскиот претседател Реувен Ривлин му даде задача на израелскиот парламент да најде кандидат за нов премиер и да ја извади земјата од политичката блокада без преседан во историјата на оваа земја.

Воедно парламентот ќе треба да избегне одржување на трети избори за помалку од една година.За прв пат во историјата на Израел, рече Ривлин, ниту еден кандидат не можел да формира влада од изборите на 17 септември, во кои ниту Бенџамин Нетанјаху ниту Бени Ганц не освоија мнозинство.

Според тоа, Ривлин денес му доверил задача на претседателот на парламентот Јули-Јоел Еделштајн да најде мандатар за формирање нова влада.

Тој ја презеде задачата во име на парламентот, кој има 21 ден, до 11 декември, да му достави на Ривлин документ потпишан од најмалку 61 пратеник кои поддржуваат еден од неговите колеги како нов премиер.

,,Ова е со цел да избегнеме одржување на трети избори за помалку од една година, откако изборите во април и септември не доведоа до формирање на влада.”

Избраниот кандидат ќе има 14 дена да формира влада. Ако никој не успее да обезбеди доволно поддршка, парламентот ќе биде распуштен и најверојатно ќе се одржат нови избори, веројатно во март.

Пратениците повторно може да mu ја доверат оваа должност или на Нетанјаху или на Ганц, што ќе доведе до нови тешки преговори.

Нетанјаху денеска повторно го повика Ганц за директни преговори, без никакви услови. „Треба да направиме конечен напор за заедно да формираме влада на национално единство“, рече тој.

Сите очи сега се на јавниот обвинител Авичаи Манделблит, кој треба да одлучи дали ќе го обвини Нетанјаху во аферата за измама, злоупотреба на довербата и корупција.

Имено, Нетанјаху не може да биде на функција ако треба да одговара пред суд, а Ганц во тој случај не сака да ја дели власта со него.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер