Израелците објавија снимка од ракетниот напад на Хамас: ова нема да помине без одговор (ВИДЕО) - Канал 5

Израелците објавија снимка од ракетниот напад на Хамас: ова нема да помине без одговор (ВИДЕО)

Израелските борбени авиони ја нападнаа Газа рано утрово, а Хамас возврати со истрелување ракети кон Израел петта ноќ од конфликтот, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начини да го запрат насилството.

Израелците објавија снимка од ракетниот напад на Хамас: ова нема да помине без одговор (ВИДЕО)

"Во понеделникот во 18:03 часот, Хамас истрела салва ракети кон израелски цивили во Ерусалим. Синоќа уништивме повеќецевен ракетен фрлач со кој Хамас ги лансира тие ракети. Терористите пукаат врз цивили. Пукаме кон терористите, “, соопшти израелската војска на Твитер.

YouTube video

Командантот на израелската армија Авив Кохави вчера ја посети единицата што работи со батеријата на противракетниот систем „Железна купола“, што ги штити Израелците од ракетите на Хамас, и им се обрати на војниците.

Израелската армија преку ноќ објави на Твитер видео од пожар што избувнал во јужниот израелски град Ашдод по ракетниот напад на палестинските милитанти. „Ова нема да остане без одговор“, порача ИДФ на Твитер.

YouTube video

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.

- Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, дистрибутерите и на ланците на трговци така што ова е еден сериознен процес во којшто сериозно навлегување и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решение, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за економија Бесар Дурмиши викендов во изјава за медиумите рече дека Пазарниот инспекторат ја следи состојбата, но дека не е забележано драстично зголемување на цените.

- Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец, Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки и тоа сум кажал и во други изјави дека ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега, изјави Дурмиши.

Владата во февруари ги ограничи маржите на повеќе од 100 групи на производи. Мерката траеше до 30 април.

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Во ерата на климатските промени и зголемената еколошка свест, потрошувачите – и индивидуалните и корпоративните - сè почесто бараат енергетски решенија кои се ефикасни, но и одржливи. 

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Сепак, изборот на снабдувач со електрична енергија не се заснова само на цената или стабилноста на испораката – сè поактуелно станува прашањето: Дали снабдувачот обезбедува енергија со гарантирано зелено потекло? Токму затоа постои сертификацијата за зелена енергија како потврда дека електричната енергија потекнува од обновливи извори и како конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот и транспаретноста на снабдувачот.

Избирањето на снабдувач што користи зелена енергија има бројни предности. Со избирање на снабдувач што користи зелена енергија директно придонесувате покажувате еколошка одговорност и придонесувате кон намалување на јаглеродниот отпечаток и борбата против климатските промени. Ако сте деловен субјект со користењето на сертифицирана зелена енергија испраќате силна порака до клиентите, партнерите и инвеститорите дека вашата компанија не само што ги следи трендовите, туку ги води. Исто така, со избирање на снабдувач што користи зелена енергија придонесувате кон енергетска тразиција – поттикнувањето на побарувачката за зелена енергија ја охрабрува понатамошната изградба на капацитети за обновливи извори.

Како глобалниот поттик кон одржливост добива на интензитет, ЕДС како дел од најголемата европска групација во Југоисточна Европа, се појавува како лидер во делот на снабдување со „зелена енергија“. Работејќи активно со компаниите на концептот „зелена потрошувачка“, ЕДС нудат снабдување со електрична енергија од обновливи извори, со што голем број од клиентите се снабдуваат со 100% зелена енергија. Секој клиент кој се одлучува за зелениот модел на снабдување од ЕДС добива официјален „сертификат за потекло“ на енергијата од обновливи извори. Овој сертификат се издава според европските стандарди и претставува доказ за зеленото потекло на енергијата што ја користат. Тоа е особено важно за извозно ориентирани компании, кои треба да ги исполнуваат ESG критериумите (еколошки, социјални и управувачки) во своето работење.

Компаниите, институциите и домаќинствата кои избираат снабдувачи со „зелено потекло“ испраќаат јасна порака: дека профитот не е спротивен на одговорноста, туку дека одржливиот развој е патот напред. Во време на глобални климатски предизвици, ваквите избори се повеќе од деловни – тие се етички, општествено значајни и неопходни за иднината. Потрошувачите имаат моќ да влијаат на пазарот и да ги охрабрат инвестирањата во одржливи извори, со што придонесуваат за почиста иднина за сите.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

 Израелската војска соопшти дека го убила новоназначениот ирански началник на Генералштабот Али Шадмани во ноќен напад врз главниот град Техеран, објави Анадолија.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

-По прецизни разузнавачки информации добиени од Дирекцијата за разузнавање на ИДФ (армијата) и ненадејни околности во текот на ноќта, воздухопловните сили нападнаа команден центар во срцето на Техеран и го елиминираа Али Шадмани, воениот началник на Генералштабот, се вели во соопштението на војската денеска.

Тој командуваше со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и иранската армија, се додава во соопштението.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го именуваше Шадмани за наследник на генералот Голам Али Рашид, началник на Генералштабот на иранската армија, кој беше убиен во израелските воздушни напади врз Иран минатиот петок, според иранските државни медиуми.

Досега нема коментар од Иран за израелската изјава.

притисни ентер