Израел забрани меѓуградски патувања во наредните денови

Владата на Израел ќе забрани меѓуградски патувања од утре во 16.00 часот до петок во 07.00 часот, најави вечерва премиерот Бењамин Нетањаху.

Мерката е воведена во настојување да се прекине ширењето на коронавирусот.

Со тоа ќе се воведе и полициски час од утре во 18.00 часот до четврток 07.00 часот, кога Евреите го слават првиот ден од верскиот празник Пасха.

„Немавме избор освен да воведеме строги мерки“, рекол Нетањаху за новинарите, пренсуваат израелските медиуми.

Израелскиот премиер рекол дека Владата вечерва ќе ги официјализира тие мерки.

Во Израел до сега 8.904 луѓе се тестирани позитивни на коронавирусот, а 56 починале.

Заради недостаток на лабораториски материјали Израел ги намалил тестирањата на новиот вирус, минатата недела се тестирале по 9000 луѓе дневно а вчера само 5000. Денес не е објавено колку луѓе биле тестирани.

притисни ентер