Израел ќе и даде на Палестинската управа 1,2 милиони дози вакцини „Фајзер"

Израел ќе им даде 1,2 милиони дози вакцини Фајзер против коронавирусот на палестинските власти во наредните денови, одлучи новиот израелски министер за здравство, Никан Хоровиц.

Така, на палестинските власти ќе им бидат испорачани однапред вакцините што Фајзер требаше да ги достави наесен, соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Се проценува дека залихите на вакцини во Израел се доволни за тековните потреби.

Вакцините ќе бидат наменети за жителите на Западниот брег и Појасот Газа.

Според палестинското Министерство за здравство, 436.275 Палестинци на тие територии примиле барем една доза на вакцина, а околу 260.000 жители ги примиле двете дози, вклучително и 100.000 палестински работници вакцинирани од Израел во последните месеци.

Повеќето Палестинци биле вакцинирани на Западниот брег, а само 52.000 жители на Газа добиле една или две дози

Корисна функција за полесно споделување на новиот „Android“

„Google“ неодамна ја пушти во употреба третата бета верзија од „Android 12“ за одредени корисници, како би ја тестирале.

Новата верзија има неколку новитети. Еден од нив е оптимизацијата за споделување на „URL“ линкови.

Споделувањето на линкови е сега доста олеснето, според информациите на „XDA“.

Сега корисниците на мобилната верзија на „Chrome“ во горниот десен агол ќе имаат опција со еден клик автоматски да го копираат линкот. И не само тоа.

Со притискање на тоа копче излегуваат и опции за тоа каде корисникот сака да го сподели линкот.

Новата верзија на Андроид ќе донесе уште неколку интересни функции, кои ќе бидат откриени кога ќе бидат тестирани.

Урнебесно видео од Реми Гилард посветено на Олимписките игри

Познатиот француски комичар повторно изненадува со своите лудории.

Овој пат тој направи видео посветено на Олимписките игри.

Станува збор за компилација од повеќе снимки на кои Гилард се мечува со пчелар, вози кајак по ескалатор, сурфа со даска во перална за автомобили и т.н.

Реми Гилард е француски комичар кој со својата уникатна смисла за хумор често го привлекува вниманието на целиот свет. Овој пат тој успеа да изнуди насмевки од многу љубители на спортот.

Неготово ново видео на Фејсбук досега е погледнато над три милиони пати.

Џеј Ло покажа како изгледа без шминка

Џенифер Лопез на Инстаграм објави видео на кое е без шминка.

Објавата ја погледнале повеќе од четири милиони луѓе.

„Имаш лице како бебе“; „Морам да признаам дека изгледаш прекрасно без шминка“; „Изгледаш многу помлада“; „Ти си толку прекрасна“, се дел од коментарите на фановите.

Претходно на Инстаграм Стори таа објави уше една фотографија на која позира во природно издание.

Многумина и порачаа дека сјае и дека веруваат дека за тоа е заслужен актерот Бен Афлек.

притисни ентер