Изменет сообраќаен режим утре во Скопје

Во Скопје утре ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Република Косово.

Од тие причини, информираат од МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот. /МИА

Ковачки: Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели?

Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели и дали струјата е поврзана без проект?!

12 дена по пожарот во тетовската модуларна болница од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со барање на одговори за несреќата но и како што наведуваат непристрасна истрага.

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители

Во Собранието опозицијата побара повлекување на предлог Законот за судии и јавни обвинители, кој според ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со европско знаменце.

Повеќе детали има Андријана Лазова.

Андријана кои се аргументите на власта и на опозицијата околу овој закон.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Средба Битиќи – Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава.

Економската соработка помеѓу Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring" кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ. /МИА

притисни ентер