Изменет правилникот за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд

Заврши ли времето на чување на судски предмети по фиоките со години до нивно застарување? 

Судскиот совет, на денешната седница, ги усвои дел од предлог измените за Деловникот за работа на кои укажа Оценската мисија на ЕУ. Предметите од сега ќе имаат рокови за сите фази на постапката, а ако истите бидат пробиени, што неретко беше пракса до сега, тогаш ќе има соодветни последици, посочи претседателката на судскиот совет Весна Дамева...

-Па, така нема да се чуваат или забораваат предмети по фиоки. Со оваа измена, секое постапување надвор од предвидените рокови значи неажурно постапување од член на совет или самиот Совет, кое во иднина секако ќе сноси одредени последици или сите ние колективно,- -Весна Дамева – Претседател на судски совет.

Дополнително, судскиот совет го измени и правилникот за рангирање на кандидатите за избор на повисок суд. Гласањето за или против за избор на судија нема да оди само со кревање на рака како што беше досегашната пракса, туку секој член на советот својот глас ќе мора да го образложи писмено и на самата седница, што исто така беше нотирано од Оценската мисија на ЕУ.

-Со оваа измена на Деловникот на седница кога ќе се одлучува за избор на судија или претседател на суд ќе се имплементира активноста на мекрата. Нема да се продолжи онаа пракса кога одредени членови не даваа образложение зошто гласаат против, иако според мене и во тој случај беа должни да го образложат својот став. Значи, облигаторно ќе биде и секој ќе треба да се произнесува и зошто гласа за избор и зошто гласа против,- -Весна Дамева – Претседател на судски совет.

Оценската мисија на ЕУ беше спроведена во септември мината година, а извештајот пристигна два месеци подоцна и беше презентиран од евроамбасадорот Дејвид Гир. Во него има 40 препораки, меѓу кои се и за пормени во структурата и компетентноста на Судскиот совет, мандатот на членовите на советот, процесот на селекција и назначување на членови на советот, дисциплински постапки, транспарентност и комуникација со јавноста, како и ресурсите и финансирањето на советот.

Временската рамка за спроведување на денешната активност од Акцискиот план, Дамева посочи дека бил месец Јуни, но со финансиската поддршка од ЕУ бил завршен и порано.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер