Излезноста во Дебар и Центар Жупа се зголемува, граѓаните задоволни од текот на изборите

 Се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешните локални избори во Дебар и Центар Жупа.

– Во општина Дебар до 15 часот правото на глас го остварија 2.453 граѓани или 24 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори, изјави потпретседателката на ОИК, Јованка Јосифовска, која заедно со Саит Абазоски, член на комисијата, беа на увид во изборно место 0544, сместено во деветолетката „Пенестија".

На истото избирачко место го затекнавме и Атли Колеци, кој задно со сопругата беа да гласаат.

– Се е добро организирано, има поставено средства за дезинфекција, задолжително се бара носење маски а барем ние немавме проблем при идентфкацијата од апаратот за читање на отисок од прстот. Дојдовме, почеквме малку со запазување на растојание ете го реализиравме нашето уставно право. Посакувам така да мине целиот изборен ден, па кој и да победи нека е за доброто на градот, вели Колеци.

Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, до 15 часот на гласање излегле 1.391 граѓанини или 19 отсто. И во оваа општина изборниот процес се одвива без проблеми.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер