Излезноста до 18:30 часот е 48,96 проценти

Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија.

Најголема излезност има во Макеоднски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто.

ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Ова се седмите локални избори од независноста, а трети на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 824 864 граѓани

Се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Дали државата прави доволно?

Да се воведат во образовниот процес децата со попреченост за професеионалните тимови е посебн предизвик,труд внимание  љубов но и хуманост. 

Со ваков ентузијазам со години работат и наставниците во прилепското училиште Климент Охридски. Од 750 ученици во 8 посебни паралелки во образовниот процес успешно се воведуваат 23 деца кои сега се згрижени во центарот за подршкана учењето.

Времето и часовите тука брзо минат. Седумте едукатори и рехабилитатори велат во прилепскиот регион има 176 деца со посебни потреби. Тие пак на секој ученик дали е во овој центар или во училиштата во Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево му посветуваат толку а некогаш и повеќе од времето и планираните третмани.

Деновиве овие деца со своите едукатори ја покажаа својат добронамерност и со хуманитерна акција „Од децата за децата“ а тие пак подршка добиваат и од локалните власти..

Во југозападниот регион вакви центри за подршка на учењето има и во Битола, Охрид,Струга и Кичево. Меѓусебната соработка е според потребите, но сепак преку консултативните услуги, искуства, преку едукација и рехабилитација се настојува да се постигне целта.

Морталитетот расте, наталитетот се намалува

Морталитетот расте, наталитетот се намалува - годинава ќе има рекорден негативен природен прираст!

Дали Македонија полека изумира? За само две години негативниот природен прираст се зголемил за дури 13 пати.

ПРИРОДЕН ПРИРАСТ ВО МАКЕДОНИЈА

2019 = -601

2020 = -6.724

2021 (за првите 9 месеци) = -8.100 (13.500 живородени / 21.600 умрени)

Ако во 2019-та се регистрирани 600 починати лица повеќе од живородени деца, сега таа бројка е 8.100 само во првите 9 месеци од годинава, нотира демографот и екс-директор на Статистика, Дончо Герасимовски. Вели дека ако продолжи ваквиот тренд, за максимум три децении Македонија преку сила ќе брои еден милион жители.

„Природниот прираст и намалувањето на населението по природен пат би бил повеќе и од 10.000. Ако на годишно ниво и натаму се случува истата појава, ќе дојдеме до ситуација бројот на населението за 20-30 години да падне на вкупна бројка од еден милион население во земјава“, вели Дончо Герасимовски.

Короната го поттикнува, а „белата чума“ во најголема мера го зема данокот, потенцира Герасимовски. Вели, од 2000-та година наваму во континуитет половина од општините имаат намален наталитет. Уште поразително е што во моментов во 72 општини умираат повеќе луѓе отколку што се раѓаат.

„Една општина е со салдо нула, односно бројот на живородените и умрените е подеднаков. Тоа е општина Желино. Во однос на останатите осум кои што имаат позитивен природен прираст се воглавно општините скопскиот регион, започнувајќи од Зелениково, Студеничани, Арачиново, Чаир, Сарај..“, вели Дончо Герасимовски.

Ваквите екстремни демографски движења не се само во земјава. Герасимовски вели дека негативниот природен прираст „дивее“ и во другите екс-Ју земји, а најлоши статистики бележи Србија. Апелира состојбата да се сфати сериозно и властите да воведат стимулативни мерки за да се подобрат условите за живот на младите.

„На младото население треба да му се даде одредени привилегии во однос на студирањето. На пример, бремените жени да можат континуирано да ги вршат своите студентски активности и полагањето испити. Друго, подобри услови за купување станови за самостојно живеење, дури и со препорака да младите се одвојуваат од домаќинството и живеат самостојно“,вели Дончо Герасимовски.

Последните бројки кои ги објави Заводот за статистика се дека во јули, август и септември, споредено со истите месеци од 2020, се родиле за 3,8% помалку деца – а починале за 30,7% повеќе лица.

Во Кичево физички нападнати полициски службеници

Во ОВР – Кичево денеска се лишени од слобода А.М.(38) и П.М.(38) двајцата од кичевското село Лазоровци.

Тие на улицата „11-ти Септември" во Кичево, најнапред вербално, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

– Двајцата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот во ОВР – Кичево, Стефан Димоски.

Димоски додаде дека денес рано изутрина околу 2 часот во ОВР-Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на улица „11-Септември" во Кичево, била истурена и запалена течност, но за среќа не настанал пожар.

ОВР-Кичево презема мерки за расчистување на случајот.

Портпаролот Димоски потсети дека вчера во ОВР-Кичево приведена е и лишена од слобода А.И.(49) од градот.Таа околу 13 часот на улица „11-ти Септември" го нарушила јавниот ред и мир и со метален предмет ја нападнала Л.А.(34)од Кичево.

притисни ентер