Изгласана потребата Секретаријатот за рамковен да прерасне во Министерство за политички систем

Со поддршка и од ВМРО ДПМНЕ без многу дебата Собранието гласаше за потребата од формирање на ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Епидемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти

Тројца починати и нови 168 регистрирани случаи, беше вчераниот КОВИД биланс во земјава. Пандемијата не стивнува, надлежните уверуваат дека болниците имаат доволно капацитет за да ги примат пациентите.

Досега се направени вкупно 72.690 тестирања, а моментно, бројот на активни случаи е 3.586.

И покрај сознанијата на СЗО дека коронавирусот се пренесува и преку воздух, се уште не се препорачува носење маска на отворено, при возење велосипед или во лифт.

-Во болниците има доволен капацитет за сместување ковид пациенти, а празна е и модуларната болница. Повторно има под 100 пациенти во ГОБ „8 Септември", на Клиниката за инфективни болести се уште има слободни места и во сите други инфективни одделенија има доволен број слободни места. Нешто помалку има во Охрид и во Битола, но тоа се менаџира со секојдневната комуникација сосем добро и во другите градови, рече вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци за последните 24 часа, биле примени девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92. На кислородна поддршка се 62 пациента, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, две деца позитивни и три суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември" се примени 16 пациенти, хоспитализирани се 94, додека на респираторна машина се четворица. Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип 47. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

– Прашање е колку може вирусот да издржи во воздух и дали трансферот се прави со капки или може да лебди. Тоа е една голема непозната. Во секој случај, маската како надополнување на држењето дистанца согласно потврдените сегашни сознанија е доволна мерка. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките, така како што се сега димензионирани. Во таа смисла, оваа мерка е сосема соодветна, напомена министерот.

Тој вчера, на својот фејсбук профил напиша дека повеќе од 20 дена имаме стабилен број хоспитализирани пациенти. Процентот на хоспитализирани од активни случаи не надминува 12, а речиси две недели е стабилен и бројот на активни.

-По појавата на вториот силен бран на коронавирусот наш највисок приоритет беше и останува да го заштитме здравствениот систем, да не ги оптеретиме болничките капацитети, а секој хоспитализиран пациент да ја добие потребната нега и грижа, наведе министерот i уште еднаш апелира да се почитуваат мерките – носење маска, држење дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете

Според него, многу е важно да се има увид во вистинската епидемиолошка слика за земјата поради што ќе се продолжи со актуелниот пристап на дијагностицирање со кој се откриваат и асимптоматски ностители на коронавирусот.

– Не може само да се гледа апсолутната бројка на дијагностицирани пацинети зашто е многу битно како се стигнува до таа бројка, дали се прави широко тестирање или индикација дури и за контактите на заболените кои епидемиолозите одредуват дека се со висок ризик. Кога тие не би ги тестирале, нема да откриеме толкав број на асимптоматски носители. Апсолутната бројка ќе падне, можеби ќе се дозволи влез во некои други земји, но нема да имаме увид во вистинската епидемиолошката слика во нашата земја. Ќе дозволиме да се случи пропуст, да шетаат луѓе кои се асиптоматски носители на вирусот и кои ќе ја шират заразата. Затоа остануваме на овој принцип. Бројката ништо не значи, мора да се знае колкав процент од новодијагностицираните треба да бидат или се во болница, колку се со лесна клиничка слика и колку се асиптоматски, објасни Филипче.

Коментирајќи ја владината одлука која ги обврзува државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ при влез во земјава да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа, Филипче рече дека е донесена согласно сознанијата за корона ситуацијата кај нив, со цел заштита на нашите граѓани.

-Тоа е национална политика. Ние ова го правиме за да ги заштитиме нашите граѓани. Нашата одлука беше врз основа на медицински епидемиолошки податоци со сознанија за ситуацијата со епидемијата во овие земји. Така ја донесовме препораката. Утрото беше дискутирано на Комисија и го предложивме тоа на Владата врз основа на сознанијата, информациите кои се темелат на тоа дека голем процент од вкупно направениот голем број на тестови се позитивни, што значи дека вирусот во овие земји е широко раширен. Дополнитлено на тоа се и информациите за преполнети болнички одделенија во повеќе градови, рече министерот.

На новинарско прашање во врска со последната владина Уредба донесена во вторникот, тој потенцира дека на работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, додека на починати 362./МИА

Сончево со локална облачност, температурата до 35 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Дневен хороскоп за 10. јули 2020 година

Дневен хороскоп за петок, 10. јули 2020 година.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден.

Кариера

Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро.

Кариера

Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив.

Здравје и совет

Мали двоумења.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате.

Кариера

Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес.

Здравје и совет

Ќе ви недостига мир.Повлечете се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите.

Кариера

Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар.

Здравје и совет

Не мора се да биде по ваше.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа.

Кариера

Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие.

Здравје и совет

Преиспитајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце.

Кариера

На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува.

Здравје и совет

Мали емотивни грижи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи.

Кариера

Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале.

Здравје и совет

Бидете будни во секој момент.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата.

Кариера

Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока.

Здравје и совет

Не ги заборавајте паузите .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка.

Кариера

Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте.

Здравје и совет

Можете да поместите планини.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас.

Кариера

Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Птифатете го она што доаѓа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат.

Здравје и совет

Прво промислете па потоа кажете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност.

Кариера

Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците.

Здравје и совет

Работете колку што можете.

притисни ентер