Изгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден, активни уште шест

Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. 

Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активните се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација.

И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.

Изгаснатите 30 пожари се регистрирани низ цела држава. Во општина Гази Баба биле изгаснати три пожара, кај село Раштак, каде била опожарена ниска вегетација и шума и во кругот на фабрика „Железара“ (ниска вегетација). Во село Брњарци горела ниска вегетација.

Во општина Кисела Вода бил изгаснат пожарот во месноста „Три круши“. Таму горела ниска вегетација и шума.

Пожарникарите го изгаснале и пожарот кај село Кондово, во општина Сарај, каде горела ниска вегеатција.

Кај село Нерези, општина Карпош горела депонија, а во Радишани, општина Бутел ниска вегетација.

Од пожарите по четири се во околината на Кичево и во околината на Куманово. Три се во околината на Струга, два во општина Крушево, по еден во Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Штип, Кочани,Пробиштип, Брвеница (село Милетино), Гостивар...

Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.

Политико: Администрацијата на Бајден бара прекин на војната во Газа до крајот на годината

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден им порача на израелските лидери дека треба да ја прекинат војната во Појасот Газа против Хамас до крајот на оваа година.

Тоа го објави весникот Политико, цитирајќи тројца неименувани официјални лица во Тел Авив, пренесе Бета.

Во извештајот на весникот се вели дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела го предупредил Израел дека има недели, а не месеци, да ги прекине борбите. Беше објавена и вчерашната изјава на американскиот заменик-советник за национална безбедност Џон Фајнер (Џон Фајнер) дека Вашингтон не му дал „цврст рок“ на Ерусалим.

-Тие не советуваа да не одиме во Газа, но ние отидовме. Отидовме во Газа затоа што тоа е единствениот начин да го уништиме Хамас и да ги ослободиме заложниците. Ни рекоа: „Не влегувајте во терористичките тунели“. Но, ако не влеземе во терористичките тунели, нема начин да го уништиме Хамас. Тие ни рекоа: „Не одете во болниците“, иако Хамас ги користи како командни и контролни центри, но отидовме во болниците и го направивме она што беше потребно“, рече неименуваниот функционер.

Тој додаде дека ќе се направи се што е потребно за да се постигне „решавачка победа“.

Покрај „уништувањето“ на Хамас и ослободувањето на заложниците, израелските лидери најавија дека „целта на војната е да се осигура дека Газа никогаш повеќе нема да биде закана за Израел“. /МИА

Речиси 17.500 жртви на израелските напади во Појасот Газа

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се зголеми на 17.483, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство на палестинската енклава.

Како што наведе, 70 отсто од убиените се жени и деца, јави турската Си-Ен-Ен.

Бројот на ранети во израелските напади, кои почнаа пред 63 дена, достигна 46 илјади, соопшти Министерството за здравство на Појасот Газа, додавајќи дека под урнатините има уште многу луѓе, по кои потрагата продолжува. /МИА

За брзо возење санкционирани 921 возач

Вкупно 921 возачи се казнети при денешната акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. 

Од нив, како што информира МВР, 37 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

притисни ентер