Избрани потпретседател на Македонски Концепт и раководство на Женски концепт

Македонски Концепт, како отворена политичка платформа, постојано работи на вклучување на нови кадри кои се залагаат за полна демократизација на македонското општество. Граѓанскиот активизам претставува клучна компонента на Македонски Концепт, при што беа распишани огласи за избор на потпретседател задолжен за стручни тимови на Македонски Концепт, претседател и заменик претседател на Женски Концепт.

На седница одржана на 21 јули 2021 година, Националниот совет на Македонски Концепт ги избра:

1. Владимир Бангиевски за потпретседател задолжен за стручните тимови на Македонски Концепт. Бангиевски е магистер по правни науки на Правниот Факултет при Универзитетот во Белград, Србија. Бангиевски има долгогодишно работно искуство во адвокатурата и застапување на странките пред судовите.

2. Даниела Гаврилоска за претседател на Женски Концепт. Гаврилоска е дипломиран машински инженер за термотехника/термоенергетика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, со над 23 години работно искуство како одговорен инженер за дневно планирање во АД Мепсо. Исто така, таа е член во работни групи на Европската мрежа на Оператори на системи за пренос на eлектрична енергијa. На последните парламентарни избори настапуваше како кандидат за пратеник на граѓанските листи на Македонски Концепт во првата изборна единица.

3. Лулјета Ајрулаи за заменик претседател на Женски Концепт. Ајрулаи е магистер по социолошки науки на Институтот за Социологија на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Ајрулаи има долгогодишно работно искуство како социјален работник во ЈУ Центар за Социјална Работа во Кичево и координатор на Дневниот центар за лица со посебни потреби. На последните парламентарни избори настапуваше како кандидат за пратеник на граѓанските листи на Македонски Концепт во петата изборна единица.

Тим за комуникација со јавност на Македонски Концепт

Хамилтон конечно дојде до пол позиција и шанса за стота победа

Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз во денешните квалификации за ГН на Унгарија, 11 -та трка на Светското првенство во Формула 1.

Неговиот тимски колега, Финецот Валтери Ботас, го имаше второто квалификациско време. Трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), лидер во генералниот пласман, а четвртиот резултат го постигна Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул).

Во генералниот пласман, водечкиот Верстапен има 185 бодови, потоа Хамилтон со 177, додека на третото место е Британецот Ландо Норис (Мекларен) со 113 поени.

Две езера во Аргентина станаа розови, научниците загрижени (ВИДЕО)

Две езера во крајбрежниот регион Патагонија во Аргентина станаа флуоресцентно розови поради сеуште необјасниви феномени за кои локалните екологисти стравуваат дека можат да бидат предизвикани од индустриска контаминација.

Езерата, лоцирани во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелев, се наоѓаат на прашлива рамнина Патагонија. Во објавите на официјалната веб -страница на општина Трелев стои дека службениците на таа општина неодамна наишле на камион кој фрла отпад во одводот.

Властите дале спротивставени мислења за локалните медиуми дали е ненадејна промената на бојата на езерото, но еколозите се многу загрижени.

Локалниот активист Пабло Лада, член на аргентинската Национална еколошка мрежа (РЕНАЦЕ), за Ројтерс изјавил дека ова потенцијално може да се должи на бојата додавана на ракчињата што се одгледуваат во близина, за да ја добијат нивната типична розова нијанса.

„Мислам дека оваа розова лагуна открива колку лошо се постапува со отпадот во близина и во самото езеро“, рече Лада.

Локалните и регионалните службеници за заштита на животната средина ги истражуваат причините и потенцијалните оштетувања на езерата, но сеуште немаат донесено заклучоци.

Научниците се обидуваат да го спречат изумирањето на белите носорози, останале само две женки

Екипа од меѓународни научници кои работат на изнаоѓање начини за што побрзо спасување на редок вид на северен бел носорог, велат дека постигнале напредок со производство на уште три ембриони.

Конзорциумот BioRescue, предводен од професорот Томас Хилдебрант од Лајбниц институтот за зоолошки градини и диви животни во Германија, соопштил дека овој месец се произведени уште три ембриони од подвидот на носорогот, со што вкупниот број живи ембриони се искачил на 12.

Научниците зеле јајца од една од двете преостанати женки од северниот бел носорог во паркот за диви животни во Кенија. Замрзнатите сперматозоиди од двајцата мртви мажјаци биле користени за оплодување, и велиот експеримент е направен во италијанска лабораторија.

Два од трите нови ембриони се произведени со користење на семето на северниот бел носорог, чиј генетски код служи за сите постоечки ембриони.

Сепак, третиот ембрион е произведен откако семето на Ангалифу, носорогот што живеел во Сафари паркот Сан Диего, а почина во 2014 година, е користено за прв пат.

Сегашниот план е да се создаваат повеќе ембриони на секои три до четири месеци, а тие наскоро ќе бидат всадени во сурогат мајки, женки на јужниот бел носорог, за да се спречи изумирањето на северната варијанта на белиот носорог. Тоа е потфат кој започнал во 2019 година.

притисни ентер