Изборниот законик останува блокиран, во Собранието цел ден консултации

По жестоките реакции и блокадата со околу илјада амадмани од помалите партии се уште е неизвесно дали пратенциите ќе стигнат навреме да ги усвојат измените на изборниот законик, пред изборите на 17 октомври.

Продолежение на седницата на Комисија за политички систем, каде што треба да се дискутира по однос на амандамните, се уште не е закажано, а претседателката Соња Мираковска за Канал 5 вели дека ќе го закаже веднаш штом добие позитивен сигнал од партиите...

Денеска во Собранието цел ден траат консултации и се бара начин да се надмине блокадата.. Но, од партијата Левица, која има поднесено најголем дел од амандамните, се кагорични дека нема да попуштат..

„ Сите членови во кои тие вршеле измени се проблематични, да го спомнам и тој делот со масовно ограничување воведување кривично дело со Фејсбук спонзорирање кое што ние се сомневаме т.е. сме сигурни дека е директен таргет на нас. Така да ние не отстапуваме, нема измени, едноставно по препораките од ОБСЕ/ ОДИХР нема време за да се носат вакви измени два месеци пред избори“, вели Борислав Крмов – пратеник на Левица

Неофицијално, според информациите на Канал 5, доколку нема друг начин за надминување на блокадата, како опција се разгледува и можноста законот да биде повлечен и вратен со европско знаменце.. но, останува непознато дали би бил во истата форма како што е до сега или ќе доживее одредени измени.

Најголеми реакции имаше за воведувањето на прагот од два проценти за независните листи на кандидати.. невладините, помалите партии, но и антикорупциска и претседателот Пендаровски оценија дека тој е превисок, а како аргуметн го псоочуваат извештајот на ОБСЕ од 2017 година.. Во него се препорачаува прагот да биде до 1 процент, а се препорачува и да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи,бидејќи според нив потпишувањето пред претставници на Државната изборна комисија во некои средини може да има одвраќачки или застрашувачки ефекти врз некои гласачи.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер