Избори во Турција: Гласовите за Ердоган паднаа под 50 проценти - Канал 5

Во живо

последно ажурирање на 5.2023

Избори во Турција: Гласовите за Ердоган паднаа под 50 проценти

Гласачките места низ Турција се затворени денеска во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за претседателските и парламентарните избори, јави агенцијата Анадолија.

Избори во Турција: Гласовите за Ердоган паднаа под 50 проценти
на 5.202322:26

Избори во Турција: Гласовите за Ердоган паднаа под 50 проценти

Според резултатите на турската државна новинска агенција Анадолија, во трката за претседател на Турција се преброени 90,61 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган падна на помалку од педесет отсто од гласовите.

Ердоган моментално има 49,86 отсто од гласовите, а второпласиран е Кемал Киличдароглу, заедничкиот кандидат на шестпартискиот главен опозициски Сојуз на нацијата со 44,38 отсто од гласовите.

Доколку ситуацијата не се промени, Турција ќе оди во втор круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 28 мај.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на редовни претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за новиот состав на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а излезноста била 88,44 отсто.

на 5.202321:46

Претседателски избори во Турција: Се намалува разликата меѓу Ердоган и Киличдароглу

Актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган освои 50,30 отсто од гласовите на денешните претседателски избори во Турција, јави агенцијата Анадолија според резултатите од обработени 82,54 проценти од изборниот материјал.

Опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 43,91, а Синан Оган 5,31 проценти од гласовите. За Мухарем Инџе, кој во четвртокот се откажа од изборната трка, гласале 0,48 отсто од избирачите.

Според приватната новинска агенција Анка, преброени се 53,1 отсто од гласовите при што Киличдароглу освоил 67,25, Ердоган 31,02, Оган 1,47 и Инџе 0,26 проценти од гласовите.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на редовни претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за новиот состав на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а излезноста била 88,44 отсто.

на 5.202320:40

Ердоган на граница за победа во првиот круг – според „Анадолија“ има 50,9 %, Киличдароглу 43,3%

Значителна предност на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган пред лидерот на опозицијата кемал киличдароглу, но засега без резултат кој би му гарантирал сигурна победа во првиот круг на денешните претседателски избори, покажуваат прелиминарните и нецелосни резултати.

Врз основа на 72 отсто од обработените избирачки места, Ердоган e на самата граница и има нешто под 51 процент освоени гласови, а лидерот на опозицијата Киличдароглу има 43.

За победа во првиот круг, на Ердоган му се потребни најмалку 50 проценти гласови. Спротивно на прелиминарните резултати, кои ги објави државната ангенција „Анадолија“, Киличдароглу, пред околу два часа на Твитер само кусо порача – „во предност сме“, без да сподели повеќе детали.

Резултати со кои опозиционерот е во предност, објави и приватната агенција „Анка“, според кои, тој има еден процент предност пред Ердоган.

Од другите кандидати, резултатите покажуваат дека кандидатот на Алијансата на предците, Синан Оган има пет проценти, а Муарем Инџе, кој неодамна се повлече од трката, 0,5 проценти.

на 5.202320:01

Различни информации за резултатите од изборите во Турција

Турските медиуми засега објавуваат различни резултати од денешните претседателски избори во Турција, додека интернет страницата на Изборната комисија не се отвора за да се проверат независно.

Според државната новинска агенција Анадолија преброени се 57,88 отсто од гласовите и Ердоган има освоено 51,71, Кемал Киличдароглу 42,45, а Синан Оган 5,32 проценти од гласовите.

Според приватната новинска агенција Анка, за која се смета дека е поблиска до опозицијата, преброени се 46,1 од гласовите, Киличдароглу има освоено 50,93, Ердоган 44,37 и Синан Оган 4,43 проценти од гласовите.

на 5.202319:36

Опозицијата тврди дека води Киличдароглу

Според прелиминарните резултати објавени од државната новинска агенција Анадолија, Ердоган води со пред Кемал Киличдароглу, но опозициските водачи ги отфрлија тие бројки.

Досега се преброени околу 40 отсто од гласовите, пренесува „CNN“.

Анадолија ги објави прелиминарните резултати според кои Ердоган води со 52,70 отсто, пред Киличдароглу, лидер на Републиканската народна партија (ЦХП) и претседателски кандидат на шестчлениот блок, кој има 41,39 отсто.

Киличдароглу во објава на Твитер напиша дека „ние сме во водство“, негов прв коментар по објавувањето на прелиминарните резултати.

ЦХП, исто така, се огласи на Твитер, споделувајќи го твитот на Киличдароглу и коментирајќи: „Во моментов сме во водство“.

Мансур Јавас, градоначалникот на турската престолнина Анкара, посочи дека Анадолија не е доверлива и дека Киличдароглу моментално е во водство. „Верувајте ни“, додаде тој.

на 5.202319:04

Турција: Ердоган има повеќе гласови, Киличдароглу води во Истанбул

По гласовите од 15 отсто од гласачките кутии кои досега се преброени во Истанбул, Киличдароглу е во водство со 51,33 отсто, Ердоган има 43,94 отсто.

Гласањето во Истанбул е клучно бидејќи тој е најголемиот град во Турција, со повеќе од 15 милиони жители од вкупно 85 милиони. Денеска на гласачките места се очекуваа 64 милиони луѓе, пишува Гардијан.

Овие резултати од Истанбул ги соопшти опозицијата.

Во цела Турција, преброени се 25,69 отсто од гласовите. Според овие резултати, Ердоган има поддршка од повеќе од 6,8 милиони гласачи, а Кемал Киличдародл нешто повеќе од пет милиони.

на 5.202318:11

Убедлива предност за Ердоган: 57% наспрема 36% по 15 отсто преборјани гласови

Затворени се избирачките кутии, излезноста во Турција е неверојатни 87 проценти

Во меѓувреме, се објавени првичните прелиминарни резултати врз основа на 15 проценти преборјани гласови, кои покажуваат огромна предност за Ердоган. Во моментов, како што пренесуваат турските медиуми, Ердоган има 57, наспрема Киличдароглу со 36 проценти.

Ако остане ваквиот тренд, Ердоган би победил уште во првиот круг.

на 5.202317:53

Ердоган: Процесот на гласање е завршен на начин што и доликува на турската демократија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави порака на својот профил на социјалните мрежи по завршувањето на гласањето на претседателските и изборите за државниот парламент, јави Анадолија.

- Почитувани пријатели и колеги, процесот на гласање е завршен на начин што и доликува на нашата демократија. Сега, како и секогаш, време е да се погрижиме за гласачките кутии. Неопходно е да се заштити волјата на народот додека резултатите не се финализирани, рече Ердоган.

Гласачките места ширум Турција беа затворени денеска во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за претседателските и парламентарните избори.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на претседателски и парламентарни избори и избираа меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат гласале повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

Актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места претходно беа отворени и надвор од Турција, во 75 држави и 156 претставништва на земјата.

Гласањето на граничните премини почна на 27 април, а во дипломатските претставништва на 5 мај и траеше до 9 мај, според претходно утврден распоред.

Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

Како што соопшти Високата изборна комисија на Турција, нецелосни и неофицијални резултати ќе бидат вечерва, во првите часови по затворањето на гласачките места.

на 5.202317:47

Врховна изборна комисија на Турција: Изборите поминаа без негативни ситуации

Главната партија ривал на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган очекува рекордна излезност на парламентарните и претседателски избори во земјата, според Чанан Кафтанџиоглу од партијата ЦХП, пренесе ДПА.

Според анкетите, се очекува тесна трка меѓу Ердоган и претседателскиот кандидат на ЦХП, Кемал Киличдароглу.

Првите веродостојни резултати се очекуваат подоцна во вечерните часови.

На последните парламентарни и претседателски избори во 2018 година, кога Ердоган победи со 52,6 отсто, гласаа 86,2 отсто од граѓаните со право на глас. Во парламентот, партијата на Ердоган АКП освои мнозинство со помош на нејзиниот ултра-националистички партнер, МХП.

Претседателот на Врховниот совет за радио и телевизија на Турција (РТУК) Ебубекир Шахин предупреди дека резултатите од претседателските и парламентарните избори не можат да бидат објавени до 21 часот по локално време (20 часот по средноевропско време), освен ако Врховната изборна комисија (ЈСК) не одлучи поинаку, јави Анадолија.

- ЈСК има овластување да ги објави резултатите пред овој рок. Ова е законска обврска, рече Сахин.

Гласачките места ширум Турција беа затворени денеска во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за претседателските и парламентарните избори.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на претседателски и парламентарни избори и избраа меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат гласале повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

на 5.202317:40

Гласачите кои се наоѓаат на гласачкото место во моментот на затворање ќе можат да ги остварат своите граѓански права и по 17 часот, како што претходно најави Високата изборна комисија на Турција.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на претседателски и парламентарни избори и избраа меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат гласале повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

Актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места претходно беа отворени и надвор од Турција, во 75 држави и 156 претставништва на земјата.

Гласањето на граничните премини почна на 27 април, а во дипломатските претставништва на 5 мај и траеше до 9 мај, според претходно утврден распоред.

Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

Како што соопшти Високата изборна комисија на Турција, нецелосни и неофицијални резултати ќе бидат вечерва, во првите часови по затворањето на гласачките места.

Драма на Косово: Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг среде Пеќ (ВИДЕО)

Драматична сцена е снимена во Пеќ кога маж отворил оган со АК-47 пред приватна компанија!

Драма на Косово: Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг среде Пеќ (ВИДЕО)

Инцидентот, кој се случил на паркингот на компанијата во среда наутро, бил снимен од надзорна камера. Локалните медиуми јавуваат дека драмата започнала кога вработените го замолиле мажот повторно да го паркира автомобилот. Мажот си заминал, но подоцна се вратил со квадбајк со калашников од која пукал во воздух. Потоа избегал, но полицијата го пронашла еден ден подоцна и го привела. Осомничениот бил испрашуван по наредба на надлежниот обвинител.

YouTube video

На местото на инцидентот се пронајдени многу докази.

Компанијата пред која се случил инцидентот сè уште не дала коментар, објави Телеграф.

Во Кочани се одржа петнаесетиот „Марш на ангелите“

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на Марш на ангелите низ улиците на Кочани.

Во Кочани се одржа петнаесетиот „Марш на ангелите“

Маршот и оваа сабота започна во осумнаесет часот и пет минути...

Време кое како што порачаа порисутните симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција....

Од пред зградата на Општина Кочани каде имаше и обраќања, упатија критики кон локалната и централната власт, како и кон политичките партии од власта и опозицијата

YouTube video
.

Палестинците тврдат дека во израелски напад во близина на дистрибутивен центар во Газа биле убиени 25 лица

Израелските војници убија најмалку 25 лица во близина на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа, соопштија денес палестински медицински извори.

Палестинците тврдат дека во израелски напад во близина на дистрибутивен центар во Газа биле убиени 25 лица

Околу 70 лица се повредени во пукање и гранатирање од страна на израелската армија во областа Хан Јунис, на југот од затворениот крајбрежен регион, според медицински извори во локалната болница Насер. Тие биле префрлени во болница од областа Ал-Тин во Кан Јунис. Медицински извор изјавил дека се очекува бројот на жртви да се зголеми поради сериозноста на повредите на големиот број случаи во израелскиот напад .

„Го истражуваме инцидентот“

Израелската армија, како одговор на истрагата, изјави дека го истражува инцидентот.

Контроверзната хуманитарна фондација Газа (GHF) моментално е одговорна за дистрибуција на храна во Појасот Газа. Со поддршка на Израел и САД, фондацијата ја започна својата работа кон крајот на мај по неколкумесечна израелска блокада на испораката на помош.

Сепак, ОН го критикуваше фактот дека фондацијата отворила премалку дистрибутивни центри и дека луѓето таму и на пат кон нив се изложени на екстремна опасност.

Според ОН, стотици луѓе се убиени во близина на дистрибутивните центри и околу хуманитарните конвои од крајот на мај.

притисни ентер