Ова го соопшти американската разузнавачка служба во тајниот извештај доставен до Белата куќа, според три извори во администрацијата на Доналд Трамп, наведува Блумберг.
Американски официјални лица побарале анонимност затоа што извештајот е таен и одбија да ја детализираат содржината. Сепак, тие рекоа дека кинеското известување во јавноста за заразени и смртни случаи било намерно нецелосно. Двајца официјални лица изјавија дека во извештајот се заклучува дека кинескиот број бил лажен.
Белата куќа го прими извештајот минатата недела, изјави еден официјален претставник. Коронавирусната зараза започна во кинеската провинција Хубеи на крајот на 2019 година, а до денес се пријавени само околу 82.000 случаи и околу 3.300 смртни случаи. Оваа информација ја собра универзитетот Џон Хопкинс.
Кинеската влада во повеќе наврати ја ревидираше методологијата за броење случаи, а церемонијата за погребување со илјадници урни пред погребните домови во провинцијата Хубеи ги покренаа јавните сомнежи за извештаите од Пекинг. Кинеската влада, посочуваат Американците, не ги сметала ниту луѓето кои биле асимптоматски, асепак заразени. Само вчера, додале 1.500 нови асимптоматски случаи.
Вашингтон и американските дипломати во Кина одбиле да коментираат.
„Реалноста е дека ќе беше подобро ако Кина известуваше како што треба“, рече потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Имунологот кој го советува Трамп да се бори против коронавирусот, Дебора Беркс вчера ја обвини Кина дека нивното известување има директно влијание врз претпоставките за природата на вирусот и неговото ширење низ целиот свет.
Лекарите во САД ги толкуваа кинеските податоци, велејќи дека се сериозни, но „далеку под реалните“. „Недостасува значителна количина на податоци сега кога гледаме што се случува со Италија и Шпанија“, додаде Биркс.
Кина не е единствената чие известување за коронавирус е под сомнение. Американците покажуваат со прст кон Иран, Русија и Индонезија, а особено Северна Кореја, која досега нема пријавено ниту еден случај на заболување. Други се однесуваат и на Саудиска Арабија и Египет како потенцијални држави кои манипулирале со бројките.
Американскиот државен секретар Мајкл Помпео јавно ги повика Кина и другите земји да бидат транспарентни во нивното покривање на пандемијата. Тој континуирано ја обвинува Кина дека го крие вистинскиот обем на проблемот и намерно го забавува споделувањето на информации со јавноста, особено во седмиците кога вирусот за прв пат се појави и блокираше каква било помош од американски експерти.
„Податоците за кои што зборуваме се исклучително важни“, рече тој на прес-конференцијата. Тој истакна дека многу животи зависат од тоа како се објавуваат информациите.
"Развојот на медицинските терапии и лекови во борбата против короната зависи од тоа. Јас ја прашувам секоја држава: Дајте се од себе за да ги соберете овие информации. Дајте се од себе за да ги споделите со остатокот од светот", рече тој.
„Америка го прави тоа“, заврши Помпео.