Ивановска:Во извештајот на ЕК констатиран е напредок во борбата против корупцијата

Во извештајот на Eвропската комсија констатиран е напредок во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Oва го изјави утринава претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Комисија е особено активна во превенцијата на корупцијата, атоа се гледа со отворањето на голем број предмети, вклучувајќи и високи службеници.

И во овој извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, како и претходно, повторно се нотира напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници.

Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ова е директна потврда за оправданоста на активностите преземени во претходниот период и ажурноста на Комисијата во овој состав, која преку својата работа и залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи.

Со ваквата оценка, потенцира на денешната прес-конференција Ивановска, ДКСК добива директна потврда за своето работење, но и дополнителен поттик во напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за дискредитација.

– Секогаш може да се направат повеќе напори и да се испочитуваат сите препораки и мислења дадени од страна на ДКСК, како и да се пристапи кон поефикасно работење, сметаат од Антикорупциска.

Во извештајот од ЕК е забележано и донесувањето на Националната стратегија за борба против корупцијата, како и обезбедувањето на просторните услови за функционирање на Комисијата.

Претседателката на ДКСК посочи дека во извештајот од ЕК се наведува дека треба да продолжат, но и да се зајакнат заложбите за поддршка и на останатите релевантни институции за борба против корупцијата, како и да продолжат заложбите за подобро функционирање на оваа институција особено преку обезбедување доволно средства за вработување на стручен кадар, како и доследна примена на Националната стратегија од страна на државните институции.

За оваа година, информираше Ивановска, во ДКСК се предвидени 16 нови вработувања, но на барање на Министерството за финансии да се корегира планот, скратени се две работни места, кои, како што потенцираа, ќе успеат да се обезбедат следната година.

– Обезбедувањето услови за работа е особено важно ако се има предвид дека досега процесите за обезбедување просторни, материјални и човечки ресурси се одвиваа многу споро, па така дури во третиот квартал од третата година на мандатот на Комисијата оваа институција се пресели во нови простории и доби седум нови вработувања.Оваа состојба влијаеше на отежнато исполнување на зголемените надлежности дефинирани со новиот закон за спречување на корупција и судир на интереси, рече претседателката на ДКСК.

Но сепак, истакна таа, ДКСК успеа да испорача резултати целосно различни од минатото, иако работеше во сосема исти услови, како и претходните комисии.

Таа упати порака дека извештајот на ЕК за напредокот на земјата останува релеватен извор за оценка на состојбите во земјава, па оттука, како што рече, оваа оценка треба да се валоризира не само како признание на Комисијата, туку и за натамошно унапредување на борбата против корупцијата и судирот на интересот во земјата.

– И можеби клучно преку зголемување на ефикасноста на другите институции кои понатаму треба да постапат за целосно затворање на предметите, нагласи претседателката на ДКСК на денешната прес-конференција Билјана Ивановска.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер