Иванов инаугуриран по втор пат за претседател на Македонија

Новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска даде свечена изјава во Собранието, со што и официјално го стартуваше вториот 5 - годишен мандат. Иванов повика да се надминат тесно - партиските и личните интереси и опозицијата да остане доследна на демократските принципи и вредности. Тој им се заблагодари на граѓаните кои придонеле, да се одржат мирни, фер и демократски избори. Иванов повика на единство и вети дека ќе биде претседател на сите граѓани. Веднаш по свечената инаугурација во претседателската вила на Водно, Иванов организираше прием на кои беа поканети и граѓани.

Ѓорге Иванов се заколна дека ќе ги почитува Уставот и законите и од денеска го започна својот втор претседателски мандат . Иванов рече - бев и ќе останам претседател на сите граѓани независно од тоа за кого гласале, ќе бидам гласот на граѓаните. 

„Од избраните сега се бара посветеност и одговорна работа, сериозност и промисленост за интересите на граѓаните за повисок животен стандард, подобра иднина“, рече Иванов.

На инаугурацијата не дојде опозициската коалиција на СДСМ. Иванов рече дека е загрижен што некои опозициски партии го доведуваат во прашање мандатот на избраните. Шефот на државата повика да се надминат тесно - партиските интереси и опозицијата да остане доследна на демократските принципи и вредности.

„Уставот врз кој се заколнав ме обврзува да ја гарантирам унитарноста на државата. Да бидам претседател на една единствена неделива, суверена, самостојна, демократска Македонија“, рече Иванов.

Во собраниската сала инаку на инаугурацијата не присуствуваше ниту Демократската унија за интеграција .

„Остануваме доследни на нашиот европски и евроатлански пат. Но очекуваме и НАТО и Европската унија да останат доследни на своите принципи, мир демократија, човекови права и правото на самоидентификација“, рече Иванов. 

Иванов најави дека секоја негова надворешнополитичка активност ќе имала и економска димензија.
притисни ентер