Италија сака Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ

 Италија останува на позицијата дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори, изјави денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

– Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија, рече Ромео кој денеска имаше обраќање на Меѓународната академска конференција за европски интеграции „Иновирајќи ја Европа" организирана од Универзитетот Американ колеџ во Скопје и Римскиот универзитет Тор Вергата.

Тој посочи дека во контекст на реформите важни се оние во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите кои треба да се завршат. Смета дека на ЕУ и се потребни институционални реформи.

-Не верувам дека луѓето во Европа ја изгубиле довербата во ЕУ, постои само незадоволство од европските институции кои треба да бидат поблиску до граѓаните и нивните потреби. На Европа и се потребни институционални реформи, а на граѓаните им е потребна повеќе ЕУ, а не помалку, рече амбасадорот Ромео.

Ректорот на Римскиот универзитет „Тор Вергата", Џузепе Новели смета дека универзитетите ја зголемуваат и стимулираат можноста за проширување на Европа, затоа што вели, потребна ни е силна Европа.

-Очекувам по изборите во мај нов договор за универзитетите и нов договор за Европа, вели професорот Новели кој се залага за обединување на универзитетскиот систем во Европа./МИА.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер