Италија и Франција потпишаа договор за соработка, најавен уште во 2017

 Намерата на Макрон е да создаде нова оска со Италија, а во интерес на Италија е да биде дел од двоецот Франција-Германија, изјави италијански дипломатски извор.

Италијанскиот премиер Марио Драги и францускиот претседател Емануел Макрон денеска потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи, во време кога европската дипломатија се соочува со тестот на заминувањето на германската канцеларка Ангела Меркел.

Ден по неговата посета на Хрватска, каде што потпиша и документ за стратешко партнерство, Макрон потпиша договор со Драги чија цел е зајакнување на соработката во одбраната, економијата, културата, трговијата и миграцијата.

Квириналскиот договор, именуван по резиденцијата на италијанскиот претседател, беше најавен во 2017 година, а неговото потпишување денеска се случува кусо по потпишувањето на новиот коалициски договор во Германија, со кој заврши 16-годишното владеење на канцеларката Меркел.

Се очекува новата, „семафор" влада во Берлин да биде повеќе фокусирана на внатрешните прашања, особено на почетокот на нејзиниот мандат, а Париз и Рим сакаат да ги продлабочат своите односи во период на економска несигурност, пандемии, наметливи Русија и Кина и „отсутните" САД, коментираат светските агенции.

– Намерата на Макрон е да создаде нова оска со Италија, а во интерес на Италија е да биде дел од двоецот Франција-Германија, изјави италијански дипломатски извор.

Преговорите за Квириналскиот договор беа прекинати во 2018 година кога власта ја презеде популистичка влада која спореше со Макрон за прашањето за миграцијата.

Односите меѓу Рим и Париз дополнително се влошија во 2019 година кога францускиот претседател го отповика амбасадорот во Италија, но тие доживуваат ренесанса откако поранешниот шеф на Европската централна банка Марио Драги беше назначен за претседател на италијанската Влада за национално единство оваа година, додаваат агенциите.

Француски дипломатски извор, пак, ги отфрла тврдењата дека новиот сојуз меѓу втората и третата по големина европска економија претставува преструктурирање на француските дипломатски приоритети.

– Никогаш не сме играле на љубомората на европските партнери. Овие билатерални односи, кога се силни, се комплементарни еден со друг, рече Французинот.

Договорот меѓу Париз и Рим е делумно сличен на договорот меѓу Франција и Германија од 1963 година, кој предвидува француската и италијанската влада да ги координираат своите политики пред европските самити, како што тоа го прават Париз и Берлин.

Сите детали од новиот пакт сè уште не се претставени, но постои посебен интерес во областите на економските односи и соработката во стратешките сектори.

Француските компании инвестираа многу во Италија во последните години, но италијанските политичари ја обвинија Франција дека не им дава реципрочно добредојде на италијанските компании.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер