Италија: 853 починати и 23.232 нови случаи на Ковид-19

Во Италија денес починале 853 лица заболени од коронавирус, што е најцрн биланс уште од 28 март, соопшти министертвото за здравство.

Министерството наведува дека се регистрирани уште 23.232 случаи на коронавирус, од направени 188.659 тестови, пренесе „Ројтерс“.

Од почеткот на пандемијата, во Италија починале 52.306 лицам со што таа земја е втора на листата од европските земји по бројот на смртни случаи, зад Велика Британија.

Иран ѝ испорачал на Русија околу 400 балистички ракети

Иран ѝ испорачал на Русија голем број балистички ракети од типот земја-земја, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Тројца ирански извори изјавија дека Иран и испратил на Русија околу 400 балистички ракети со краток дострел, како што е „Золфагар“, ракета што може да погоди цели на одалеченост од 300 до 700 километри. Испораките почнале на почетокот на јануари, по состаноците од крајот на минатата година меѓу иранските и руските воени и безбедносни претставници одржани во Техеран и Москва, наведува еден од иранските извори.

Некои проектили беа доставени до Русија со бродови преку Каспиското Море, додека други беа транспортирани со авиони.

-Ќе има повеќе пратки. Дозволено ни е да извезуваме оружје во која било земја што сакаме, изјави неименуван извор близок до иранската војска.

Ограничувањата на Советот за безбедност на ОН за иранскиот извоз на ракети, беспилотни летала и друга технологија истекоа во октомври.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на почетокот на јануари изјави дека САД се загрижени поради тоа што Русија е блиску до набавка на балистичко оружје со краток дострел од Иран, покрај ракетите кои се веќе набавени од Северна Кореја.

Паника во град во Холандија- од понеделникот избегала отровна кобра, поставени се стапици

Во тек е потрага по отровна кобра во холандскиот град Лејлистад, која што во понеделникот побегнала од живеалиштеот, објави холандскиот NL Times.

Можно е животното се уште да е некаде во куќата, но сопственикот не успеал да ја најде.

Во градот се поставени стапици за змии, а кучињата трагачи го бараат отровното животно.

Општината ги советува луѓето од околината да ги затворат прозорците и вратите, да ги чуваат домашните миленици во затворени простории и да не ги пуштаат надвор без поводник.

„Шансата да бидете каснати не е голема, но доколку се случи, каснувањето може да предизвика болка, оток и симптоми на невролошки колапс“, велат од општината.

Кобрата (вид Aspidelaps scutatus) е долга околу 50 сантиметри и генерално избегнува конфронтации.

И покрај тоа, на граѓаните им е препорачано да не се обидуваат да ја фатат доколку ја видат.

Експерт за змии на некои места ќе ги испрска тротоарите, за да може да го види отпечатокот на змијата ако помине.

Во Холандија, сличен инцидент се случил во Тилбург, во ноември.

Тогаш отровната зелена мамба избегала, но неколку дена подоцна била пронајдена зад ѕид од гипс на поткровјето на куќата на сопственикот.

Нетанјаху е против едностраното признавање на Палестина, парламентот го поддржа

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава.

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава, по зголемените меѓународни апели за заживување на напорите за постигнување решение со две држави по деценискиот конфликт.

Партијата Ликуд на Нетанјаху соопшти дека 99 од 120 пратеници гласале за поддршка на одлуката, која е усвоена од владата претходно оваа недела.

Ставот на Израел е исто така дека секој траен договор со Палестинците мора да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не со меѓународни диктати.

Војната во Газа, која беснее по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, е последниот во серијата конфликти меѓу Израелците и Палестинците што трае седумдесет години и континуирано го дестабилизира Блискиот Исток.

Напорите за постигнување решение со две држави се во мирување од 2014 година. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, се обидува да постигне поширок договор на Блискиот Исток, кој исто така би вклучувал нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и другите арапски држави , како и формирање на палестинска држава.

притисни ентер