Истражување: Пријавувањето на корупцијата е однапред изгубена битка

Корупцијата во општините, според граѓаните, најзастапена е при вработувањата, назначувањата директори, издавањето градежни дозволи, инспекцискиот надзор, подготовката на деталните урбанистички планови, јавните набавки, субвенциите.

Голем број граѓани во земјава сметаат дека корупцијата е присутна на локално ниво, но уште поголем процент сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка, вели последното истражување на НВО Инфоцентар, кој се реализираше во рамки на проектот „Рефлектор врз антикорупциските практики на локално ниво".

Оваа истражување исто така покажа дека перцепцијата на граѓаните е дека институциите не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата, но и дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување.

– Корупцијата во општините, според граѓаните, најзастапена е при вработувањата, назначувањата директори, издавањето градежни дозволи, инспекцискиот надзор, подготовката на деталните урбанистички планови, јавните набавки, субвенциите. Граѓаните се изјасниле дека сите функции и позиции на локално ниво се подеднакво подложни на корупција, но потоа ги издвоиле локалните инспектори, градоначалниците, општинските службеници и директорите на јавните институции, претпријатија и установи на локално ниво, наведуваат од НВО Инфоцентар.

Воедно од таму додаваат дека висок процент од граѓаните не се задоволни од насоката во која се движат работите во нивните општини, како и од работата на општинската администрација.

– Граѓаните, исто така, не се многу задоволни од транспарентноста и отчетноста на општините односно сметаат дека општинските буџети не се трошат за задоволување на нивните потреби, дека не се доволно вклучени во планирањето на буџетите, но и дека не се доволно информирани за тоа како се трошат општинските пари, се вели во истражувањето на НВО Инфоцентар.

Дел од оваа истражување кое беше реализирано во јануари годинава, каде беа опфатени 1.102 испитаници беа и жителите на Полошкиот регион, етничките Албанци и луѓето на возраст од 30 до 69 години, кои исто така сметаат дека има многу корупција на општинско ниво.

-Според граѓаните најмногу корупција има при: вработувањата во општините, јавните претпријатија и установите (66%), назначувањето директори на јавните претпријатија и други институции (66%), издавањето градежни дозволи (62%), спроведувањето инспекциски надзор (61%), подготовката на деталните урбанистички планови (59%), спроведувањето јавни набавки (59%), доделувањето субвенции (59%) и наплатата на даноците (56%), се вели во истражувањето.

Во однос на тоа која позиција/ функција е најподложна на корупција речиси третина од испитаниците гo посочиле одговорот кој не беше во листата на понудени одговори – „сите подеднакво" (32,6%). Потоа следат инспекторите со 17,5%, градоначалниците со 10,4%, службениците со 10,1% и директорите со 8%.

Речиси третина од граѓаните сметаат дека степенот на корупција е ист со оној во 2017 година, додека 26% сметаат дека има помалку корупција, а 25% сметаат дека има повеќе корупција на локално ниво.

Тринаесет проценти (13%) од испитаниците изјавиле дека тие лично или нивен близок се соочил со корупција во односите со локалната власт, а од нив само 15% пријавиле корупција. Од аспект на регионалната застапеност, речиси четвртина од испитаниците од Источниот регион изјавиле дека се соочиле со корупција, додека истото го тврдат само 6% од испитаниците во Североисточниот регион. Што се однесува до возраста, граѓани кои најмногу се соочиле со корупција се оние на возраст од 30 до 49 години односно работно најактивниот дел од населението.

Покрај перцепцијата на граѓаните дека на локално ниво има корупција, загрижувачки е податокот дека дури 66% сметаат дека пријавувањето корупција може да му предизвика проблеми на оној кој пријавил коруптивно однесување, а речиси 60% сметаат дека пријавувањето корупција е однапред изгубена битка бидејќи надлежните институции не се ефикасни во спречувањето и санкционирањето на корупцијата.

На прашањето каде би пријавиле корупција, речиси четвртина од испитаниците (22%) воопшто не би пријавиле корупција, 33% проценти би пријавиле во полиција, 18% во медиумите, 17% во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), 8% кај Омбудсманот, 7% во обвинителство и 4% кај некоја граѓанска организација.

Од аспект на транспарентноста и отчетоста на општините, мнозинството од испитаниците не се чувствуваат вклучени во планирањето на општинските пари и не се доволно информирани за тоа како се трошат општинските средства.

Во однос на работата на градоначалниците, 38% од граѓаните сметаат дека градоначалникот во нивната општина одлично си ја врши својата работа, а 37% му даваат негативна оценка. Највисока оценка на своите градоначалници им дале жителите на Вардарскиот, Североисточниот и Југоисточниот регион, додека помалку задоволни се жителите на Скопскиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Жителите на руралните средини се позадоволни од градоначалниците за разлика од оние во градовите.

Кога станува забор за општинската администрација, речиси 40% не се задоволни од нејзината работа, а најмалку задоволни се жителите на Полошкиот регион. Висок процент од испитаниците (37%) сметаат дека работите во нивната општина се одвиваат во лоша насока, наспроти 29% неопределени и 31% кои сметаат дека работите се одвиваат добро./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер