Историската комисија не расправа за црковното прашање, реагира македонскиот тим

ва не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени.

Откако по минатонеделниот состанок на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, на кој, како што посочија во петокот нејзините копретседавачи, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров, се разговарало за Охридската архиепископија и како таа е претставена во македонските учебници, следеа низа реакции дека прашањето за црквата нема место во разговорите кои ги водат членовите на Комисијата. Македонскиот тим на Комисијата, пак вчера излезе со појаснување дека на состаноци не се дискутира за решавање на статусот на МПЦ-ОА, а вчера се огласи и премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така потенцира дека историчарите воопшто не разговарале за статусот.

Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија вчера преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

– И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.

Се посочува и дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.

– Ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија.

Членот на заедничката историска Комисија Петар Тодоров, вчера кажа дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања.

-На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба. Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми, вели Тодоров за Сител ТВ.

Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои.

– Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес. И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ, оцени Тодоров.

Премиерот Ковачевски, пак вчера изјави дека во Комисијата воопшто не разговарала за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА и се повика на соопштението на македонскиот тим.

-Изутрината историската комисија имаше соопштение во кое што во детали објаснија од кој аспект ги анализира историските периоди и улогата на различни инститции во тие историски периоди и исто така потврдија дека воопшто не се разговара за статусот на црквата од кој било аспект. Така што сметам дека сите оние коишто даваа изјави врз основа на шпекулации во текот на изминатите два дена треба да се воздржат од тоа и да ги почекаат секогаш официјалните изјави на Историската комисија, а мислам дека изјавата на сите членови потпишани од нашиот тим од комисијата се многу јасни дека воопшто таму не станува збор за какво било дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, рече Ковачевски.

Бугарската страна, додаде тој, си дава изјави за себe, а она што е валидно е само кога историската Комисија со сите 14 члена ќе има консензуален став за кое било прашање и, како што истакна, се друго се изјави коишто немаат никакво влијание врз финален резултат на работата на Комисијата.

Ѓоргиев во петокот по завршувањето на двоневниот состанок изјави дека дебатата била за Охридската архиепископија и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници.

Договор за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, според Ѓоргиев, не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

– Тие различни пристапи во толкувањето на изворите од средновековието, прават и ние да имаме различен пристап во правењето на препораките за учебниците. И тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата, изјави Ѓоргиев.

Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати.

– Јас разбирам дека тоа е многу важна тема и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров.

Дневен хороскоп за 16. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 16. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Кои се најчестите здравствени проблеми што ги погодуваат децата?

Еден посебно може да влијае на квалитетот на животот и во посериозна возраст  

Рамните табани, деформациите на ‘рбетот и дебелината се најчести проблеми кај децата.

Стапалата се важен дел од нашето тело кои ни овозможуваат поткрепа и полесно движење. Нивното здравје е многу важно за нашето тело. Како што предупредуваат ортопедите, има се повеќе деца со рамни стапала, особено во градските средини каде децата немаат можност да одат боси.

Рамните стапала претставуваат деформитет кога табаните немаат природен заоблен лак. Овој проблем денес доби епидемиски карактер и е најраспространет кај деца од градските средини. Според ортопедите причина за тоа е седечкиот начин на живот и отсуството на физичка активност од најрана возраст.

Рамните табани не може да се „поправат“ доколку во детството не се носат соодветни влошки и квалитетни обувки, а во позрелите години тие влијаат на квалитетот на животот.

Најновите податоци од истражувањето на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија кое е спроведено според Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација, покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во извештајот се наведува дека дебелината кај децата го зголемува ризикот од прерана смрт и инвалидитет во зрелоста. Прекумерно ухранетите и дебели деца често, како и возрасните, се разболуваат на помлада возраст од хронични болести, како што се дијабетесот и кардиоваскуларните болести, а развојот на болеста делумно зависи од возраста на која настанала дебелината и нејзиното траење.

Дебелите деца и адолесценти имаат и краткорочни и долгорочни здравствени последици кои често не стануваат видливи до полнолетството, како што се: кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, мускулно-скелетни нарушувања и некои видови малигнитет, како и психолошки проблеми. Како што е наведено во овој извештај, главната цел при спречување на дебелината кај децата е да се обезбеди енергетска рамнотежа помеѓу внесените калории (диета) и потрошените калории (физичка активност).

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер