Историска судска победа: Центарот за македонски јазик во Грција нема да биде забранет

 Центарот за македонски јазик во Лерин останува законски регистрирана невладина организација во Грција. 

Ова доаѓа откако пред три дена Основниот суд во Лерин ги одбил сите тужби за укинување на овој центар, кои беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења и мали партии.

Од Центарот за македонски јазик го изразуваат своето нескриено задоволство за судската одлука, која ја сметаат за историска победа во децениската борба за основните човекови права на Македонците во Грција. Еден од основачите на Центарот Јоргос Пападакис во изјава за Канал 5 вели дека е позитивно изненаден од одлуката на судијката во Лерин, која според него покажува дека полека, но сигурно, работите се менуваат и во Грција.

„ Судијката многу јасно образложението беше дека Здружението центарот на македонски јазук не е против Грција, ниту сака да створи малцинсто, ниту сака една територија од Грција да ја носи во туѓа држава и такви глупости кои беа напишани до сега исто јасно беше дека до сега може да продолжи да работи оти никаква закана за уствниот мир не конститутира нашето здружение. “-Јоргос Пападакис - Член на ЦО на „Виножито“.

Во следниот период, Пападакис вели дека Центарот ќе организира часови на македонски јазик и со физичко присутво, а каде ќе се случува тоа дополнително ќе информираат. Освен ова, вели ќе бараат и офИцијална поддршка од Министерството за образование на Грција и Универзитетите за изучување на македонскиот јазик.

„ Знаете дека имаме онлајн часови на македонски јазик, имаме еден многу богат канал на Јутјуб. Следен чекор би било од лето да почнеме и физички да имаме часови во Леринско, па ќе видиме и понатаму да одиме до Воденско и други места каде што живеат Македонците и да продолжиме со тие часови на македонскиот јазик. “-Јоргос Пападакис - Член на ЦО на „Виножито“.

Во тужбата против регистрацијата на Центарот, која сега е одбиена, Јавната обвинителка Анастасија Калаици се повика на нејзиното толкување на Преспанскиот договор дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на Македонија, а се зборуваше и за обид за создавање малцинство.

Официјалната регистрација на овој Центар се случи во ноември лани, а одлуката на грчкиот суд претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик од државните органи по еден век.

Се јави водителката, која се онесвести среде емисија: Овој пат не е срцето (ВИДЕО)

Метеорологот од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц се огласи откако ненадејно колабираше за време на утринските вести додека ја читаше временската прогноза, загрижувајќи ги своите колеги.

„Благодарна сум што овој пат не беше срцето. Добив стотици пораки, а тие сè уште доаѓаат, па ако не одговорам, затоа“, напиша таа на Инстаграм.

Инаку, Шварц се осврна на сличен проблем што го имала и претходно, но на друга телевизија. Во 2014 година ѝ се слошило за време на прогнозата, а подоцна било откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.

Да потсетиме, откако пред неколку дена се онесвести во студио, нејзините колеги останаа во целосен шок. „Ох“, извика Рејчел Ким, а нејзината колешка Нишел Медина рече дека „ќе мора да направи кратка пауза“.

Алиса брзо била пренесена во болница и таму се опоравува.

Хаос во Париз: Полицијата ги претепува демонстрантите, вечерва уапсени над 70 лица (ВИДЕО)

По повод усвојувањето на спорниот закон за пензии, во Франција се уште не стивнуваат протестите.

Вечерва почнаа собири и штрајкови, а за четврток се планирани големи демонстрации.

Само вечерва во Париз повторно беа уапсени околу 70 демонстранти, а полицијата безмилосно ги разбива протестите, спречувајќи ја толпата да се групира и да создаде барикади и блокади.

На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како полицијата трча и интервенира со брутална сила.

Француската влада денеска го преживеа гласањето за недоверба на собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа.

Пензиската реформа која ги налути француските граѓани предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за некој да се квалификува за целосна пензија.

Жена го прозва Путин, додека се шета низ Мариупол: Ова е лага, сѐ е само претстава (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ненадејно го посети окупираниот украински град Мариупол, само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

На видеото од средбата на Путин со локалните жители, споделено од руските државни медиуми, се слуша како личност во позадина вика: „Ова е лага, ова е само шоу“. Придружбата на Путин брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.

Во истото видео, станарка го опишува блискиот блок како „парче од рајот“, на што Путин одговара дека планираат да го прошират.

„Толку пати те видовме на телевизија“, рекол еден од жителите, на што Путин одговорил: „Треба да почнеме подобро да се запознаваме“.

Мариупол ги виде некои од најжестоките борби во војната и често се користи за пропагандни цели откако Москва го зазеде минатата година.

Сателитските снимки од мај минатата година покажаа обемни ископувања и расчистување на урнатините низ градот, вклучувајќи го и бомбардираниот театар во Мариупол. Во следните месеци, руските државни медиуми објавија снимки од обновените области, а Путин најави дека ќе го обнови целиот град.

Извештаите за планирани судења кружеа минатиот август, откако руските медиуми објавија слики од кафези во салата на филхармонијата во Мариупол, кои очигледно биле наменети за украинските воени затвореници од железарницата Азовстал.

притисни ентер