Истече рокот од одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на документите

На полноќ истече преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која престануваат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

САД уништија ракета што Хутите планираа да ја лансираат во Црвеното Море

САД соопштија дека извршиле одбранбена акција за уништување на ракета земја-воздух што  Хутите во Јемен планирале да ја лансираат кон Црвеното Море, јави Анадолија.

Американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека американските сили вчера откриле ракета земја-воздух што требало да биде лансирана кон Црвеното Море, од регион контролиран од Хутите.

Командата додава дека нападот бил извршен во самоодбрана со образложение дека проектилот претставувал закана за американските авиони во регионот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека Хутите од Јемен успеале да лансираат противбродска балистичка ракета во Црвеното Море, но дека ниту еден брод не е оштетен.

Од минатата есен, Хутите ги гаѓаат товарните бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или превезуваат стока до и од Израел во знак на солидарност со Газа.

Со ескалација на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен, групата објави дека сите американски и британски бродови ги смета за легитимни воени цели.

Ѓоковиќ воодушеви стотици луѓе во трговски центар во САД (ВИДЕО)

Деновиве, додека тренираше на Универзитетот UCLA, Новак Ѓоковиќ сподели видео во кое го „рекламира“ производот SILA на компанијата „Waterdrop“ чиј амбасадор е.

Станува збор за коцки за хидратација со електорилит кои се „спонзорирани“ од самото име на најголемиот светски тенисер во историјата, па не е чудно што Ноле ја посети продавницата на споменатата компанија во Лос Анџелес.

По тој повод го предизвика општа еуфорија кај присутните, кои побрзаа да се фотографираат со Србинот кој во раце држеше кутија „СИЛА“.

Она што е исто така интересно е дека Ѓоковиќ најпрвин се упатил кон толпата каде што биле децата, а пред да влезе во трговскиот центар се поздравил со сите.

Секако, многу брзо потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеото подолу:

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

притисни ентер