Испитување на „Галуп“: Македонците се вториот најгневен народ во Европа

Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, на овогодишниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува лутина или бес на дневна основа.

На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив следуваат Албанците и Црногорците (24 насто), а потоа и Шпанците (23 насто).

Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на денот. За Грците, таа бројка изнесува 21 отсто.

Земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (7 отсто), потоа - Португалија (8 насто), па следат Холандија и Хрватска (9 отсто).

Февруарско заседание на ЕП, меѓу точките на дневен ред - приоритетите на ЕК, Украина, царини...

Февруарско заседание на ЕП, меѓу точките на дневен ред - приоритетите на ЕК, Украина, американските царини, Блискиот Исток и Србија ..

Програмата за работа на Европската комисија за 2025 година, состојбата во Украина три години по почетокот на руската агресија, најавите на новата американска администрација за воведување царини за европските производи, стратегијата на ЕУ за Блискиот Исток и случувањата во Србија, ќе бидат меѓу темите за расправа на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.

Заседанието започнува доцна попладнево со дебата за Годишниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ). Седницата ќе почне со обраќање на претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, која ќе информира за состојбата на европските и глобалните економии и за активностите на Европската централна банка, по што ќе следи нејзина дебата со европратениците. Од оваа дебата треба да произлезе Резолуција со препораки за тоа на кои прашања ЕЦБ треба да даде приоритет, за која европратениците ќе се изјаснат утре.

Во продолжение на денешното заседание европратениците ќе расправаат и за ескалацијата на насилството меѓу криминалните групи во Шведска и зајакнување на борбата против организираниот криминал, како и за придонесот на ЕУ за пронаоѓање на лицата исчезнати во војни и конфликти.

Утре заседанието ќе почне со дебата на тема „Подготвеност за нова трговска ера: мултилатерална соработка или царини“, во чии рамки европратениците ќе расправаат со претставници на Европската комисија и на Полското претседателство со Советот на ЕУ, за најавите на новиот американските претседател Доналд Трамп за можно воведување на царини за увоз на европски производи во САД. Во рамките на оваа дебата се очекува да биде дадена проценка на моменталната состојба на трговските односи меѓу ЕУ и САД, за мултилатерализмот, како и за потенцијалните одговори на Унијата доколку Вашингтон воведе царини за европските производи.

Во продолжение на утрешната претпладневна сесија, европратениците ќе расправаат за поддршка на ЕУ за Украина, три години по почетокот на руската агресија врз земјата. Во рамки на оваа расправа пред европратениците ќе се обрати претседателот на украинската Врховна рада, Руслан Стефанчук, по што ќе се одржи дебата со претставници на ЕК и Полското претседателство за влијанието на војната во Украина и непоколебливата поддршка на ЕУ за земјата. Од дебатата ќе произлезе резолуција која ќе биде ставена на гласање за време на мартовското заседание на Европарламентот.

Во попладневното продолжение на утрешното заседание европратениците ќе расправаат за планираната стратегија на ЕУ за Блискиот Исток, насочена кон мировно решение според моделот за две држави и кон зајакнување на партнерствата со клучните регионални чинители.

За утре попладне се предвидени и дебати за политичката криза во Србија, за недостигот на работна сила во здравствениот сектор и за зајакнување на стручното образование на ЕУ, за ескалацијата на насилството во источниот дел на Демократска Република Конго, за ограничувањето за извозот на чипови со вештачка интелигенција во САД, како и за заштитата на системот на меѓународна правда и неговите институции, особено Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата.

В среда претпладне ќе се одржи централната дебата на февруарската сесија на Европарламентот посветена на „Компасот за конкурентност“ и приоритетите на Европската комисија за 2025 година. На почетокот на дебатата претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе ја претстави Програмата за работа на ЕК за 2025 година, која ги содржи клучните политички активности и законодавни иницијативи планирани за оваа година, по што ќе се одржи дискусија меѓу европратениците и претставниците на Комисијата и на Полското претседателство со Советот на ЕУ за неодамна претставениот „Компас за конкурентност“ насочен кон поттик на економскиот раст и обезбедување одржлив просперитет.

Во продолжение на заседанието ќе одржи и расправа за годишнината од смртта на рускиот позициски лидер Алексеј Навални и континуираната репресија врз демократската опозиција во Русија. Лани по смртта на Навални, Европскиот парламент усвои Резолуција со која како одговорни за неговата смрт беа посочени руската држава и особено нејзиниот претседател Владимир Путин.

Во попладневното продолжение на заседанието в среда европратениците ќе одржат тематска дебата насловена „Соработката меѓу конзервативците и екстремната десница како закана за конкурентноста во ЕУ“, како и расправи за слободата на медиумите, зајакнување на владеењето на правото и заштита на новинарите во Унијата, за повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор и Светската здравствена организација и за суспензијата на американската развојна и хуманитарна помош, за потребата од поддршка за регионите на ЕУ што граничат со Русија, Украина и Белорусија, за менталното здравје на младите во Европа, како и за случаи за прекршување на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Турција, Никарагва и Нигерија.

За в четврток се предвидени дебати за напредокот на ЕУ во намалувањето на нејзината стратешка зависност во областа на критичната комуникациска инфраструктура, за прекугранично признавање на документи за граѓански статус на истополови двојки и нивните деца на територијата на ЕУ, како и за неодамна склучениот Договор за слободна трговија меѓу ЕУ и организацијата за заеднички пазар во Јужна Америка - Меркосур, кој треба да биде одобрен од европратениците.

Истиот ден се предвидени и гласања по резолуции за состојбата со човековите права во Турција, Никарагва и Нигерија и за случувањата во Грузија и во ДР Конго.

На маргините на заседанието, Европарламентот во вторник попладне ќе организира семинар на тема „Одбрана на дигиталниот интегритет на Европа: Решавање на предизвиците во социјалните медиуми и странското мешање“.

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

 Утрово е најстудено во Берово, -11 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, информира УХМР. 

До 08:30 часот се измерени и -8 степени во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 е на Попова Шапка и во Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Охрид и Претор, како и -2 во Гевгелија и Струмица.

Снег има и во Маврови Анови, 13 сантиметри.

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени. И во Скопје преку ден сончево со мала до умерена облачност, слаб ветер од југоисточен правец и максималната температура до 9 степени.

Русија изврши напади со беспилотни летала на Киев и Суми

 Руски беспилотни летала синоќа предизвикаа пожар во Киев, а повредена е една жена и оштетени се неколку куќи во градот Суми во североисточна Украина, соопштија украинските власти.

„Нема повредени во нападот што предизвика пожар во нестанбена зграда во Киев“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко во објава на апликацијата Телеграм.

„Триесет и осумгодишна жена е хоспитализирана по напад на руски дрон врз градот Суми, кој е административен центар на Сумиската област“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Игор Калченко. Тој додаде дека се оштетени пет куќи.

Целосниот опсег на синоќешниот руски напад врз Украина се уште се разјаснува.

притисни ентер