Исландскиот претседател скромно положи заклетва за втор мандат

Претседателот на Исланд, Гудни Јоханесон,  положи заклетва за втор четиригодишен мандат на скромна церемонија со неколку гости, без ракувања, без миса и без поздрави со граѓаните.

Поради пандемијата на коронавирус, неговата втора заклетва се славеше во парламентот во Рејкјавик во значително намален број и пред само 30 гости, вклучувајќи ги и поранешните претседатели, најблиското семејство на Јоханесон и премиерката Катрин Јакобсдотрир.

Традиционалното ракување е забрането, а вообичаена миса во катедралата во главниот град на Исланд исто така е откажана.

Исланѓаните добија наредба да не се соберат пред зградата на парламентот за да му честитаат на реизбраниот претседател.

Кон крајот на јуни, Јоханесон обезбеди втор мандат со убедлива победа над ривалот Гудмундур Франклин Џонсон.

52-годишниот Јоханесон е претседател на Исланд од 2016 година и е многу популарен во земјата.

Во Исланд, претседателот традиционално положува заклетва на 1 август.

E-библиотеката на Дарко Гавровски можност за наоѓање на многу историски информации за Тетово

 Големиот број книги, прилози, документи и пишан материјал кои Дарко Гавроски како хроничар на градот ги користел во изминатиот период за собирање на историски податоци за Тетово ќе ги стави за јавно користење преку интернет. 

Тој одлучил над 200 книги кои ги има и ги користел да бидат достапни за сите.

-Мотивот како и секогаш досега е Тетово и мојата љубов кон родниот град. Во 25 години истражување има над 200 книги кои сум ги користел за разни поводи, како за пишување на моите дела, за објавување на информации и податоци на интернет страницата и групата на Фејсбук. Започнав со десетина и полека сакам да сите да бидат објавени. Вака нема да ги чувам љубоморно само јас, туку ќе ги споделам за сите идни истражувачи да можат да ги користат како што јас тоа досега сум го правел, вели Гавровски.

Во неговата е-библиотека на располагање има дела со огромно значење за историјата на Тетово, почнувајќи со „Огледало" од Кирил Пејчиновиќ, напишано на црковнословенски јаик со македонски и тетовски говори пред 204 години во 1816 година. Како значајна за Тетово, посочува српска книга за семејните слави во Tетовско, каде адетите се опишани на македонски јазик и тетовски говор.

– Бидејќи досега не е објавуван електронски, секој има раритетна можност да го види „Гласник на етнографскиот музеј во Белград" од 1931 ггодина, каде има прилог „Семејни слави и други слави во Тетово", во кој се опишани тетовsки семејни слави, имендени, еснафски слави и црковни слави. Гласникот е напишан на српски јазик, но сите адети и изговори и објаснувања за славите се опишани на македонски јазик и тетовски дијалект, потенцира Гавро, како што сите го познаваат во Тетово.

Објавено е и делото „Полог-антропогеографски истражувања", издадено во 1976 година од авторот Јован Ф.Трифуновски.

-Тоа е најдетално проучување на сите села во Полог. Топоними, историја на секое село заедно со сите родови и фамилии во секое место-кои се иселени, доселени, староседелци. Тука е и епохалното дело на Р.Грујиќ од 1933 за средновековно Тетово и Тетовско насловено „Полошко –тетовска епархија и манастир Лешак" (дел од Гласник на скопско научно друштво)

Онлајн објава има и на неговата книга од 2009 година насловена „Тетовски древности-Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај". Покрај ова дело Гавроски како хроничар на градот е автор и на делото „Тетовскиот говор, енциклопедиски речник и граматика". Во своето истражување за втората книга користи голема библиографија од над 600 извори-книги, списанија, пишани документи, како и стотици интервјуа.

Гавроски пред неколку години ја создаде песната „Ја го љубим Тетоо" на тетовски дијалект, што се смета за неформална химна на градот. Има материјал за издавање уште книги-посветени на тетовските села и летопис за средновековието во Тетово.

Голем дел од податоците и информации за Тетово, Дарко ги има поставена на интернет страницата www.gavro.com.mk што се смета за Тетовопедиа. Има и страница на социјалната мрежа Фејсбук со речиси 10 илјади посетители.

Сите заинтересирани можат да ја посетат Е-библиотеката на Гавровски на следниот линк https://fliphtml5.com/bookcase/glxlr?fbclid=IwAR2rpYObAvLV_m5akpqRxhkfkfXpe7yFp38vlh3dHsPNf019qS25m5DhiKI

Во светот 19,39 милиони луѓе заразени со коронавирус

Повеќе од 19,39 милиони луѓе се заразени со вирусот корона ширум светот, додека 719.795 починале. 

Случаи на инфекција се регистрирани во повеќе од 210 земји и територии низ светот откако првиот случај беше идентификуван во Кина во декември 2019 година.

Туристичките работници повторно на протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите

Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош.

Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Нема никаква логика, како што велат, да остане протоколот за патување со автобуси затоа што со почитување на безбедносните мерки може да се организира патување.

– Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50 проценти на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување.Поставуваме ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на оваа нелогична одлука за превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на нашиот сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците, стои во соопштението од секторт туризам.

Им била ветувана помош по завршување на изборите, но, посочуваат, сега се чека да се формира Влада и така во недоглед. Реагираат на изјавата на министерот за здравство во заминување Венко Филипче кој препорачува да не се патува и посочуваат дека во таков случај државата треба да им помогне.

-Како сектор кој се уште е најзагрозен поради пандемијата, наведуваат, направивме секакви напори за да допреме до совеста и човечноста на државата, но како и пред изборите кога имаше ветувања дека веднаш ќе се преземат дејствија по нивното завршување, сега чекаме Владата да се формира и така до недоглед. Како тоа да не е доволно, министерот Венко Филипче дополнително ни ја отежна работата, која и онака е речиси непостоечка, со изјавата: Препорачувам воопшто да не се патува, граѓаните да седат дома и пожелно е границите да не се отворат. Најостро ја осудуваме оваа негова изјава и сметаме дека не само што не ни помагаат, туку дополнително ни ја отежнуваат работата. Агенциите бидејќи немаат никаква финансиска поддршка, оставени сами на себе, се обидуваат и со најмалите расположливи услови да направат каква било продажба. Доколку министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна!, стои во соопштението од туристичкиот сектор.

Туристичките работници организираа мирен протест во центарот на Скопје на 29. минатиот месец. Повторно побараа помош и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа тогаш, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување./МИА

притисни ентер