Исланд почна да им издава потврди за вакцинација на сите што ќе патуваат

Исланд започна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние кои се заштитиле од ковид-19, соопштиле денеска тамошните власти.

Околу 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле две дози вакцина против ковид-19 и од минатиот четврток добиле потврда на платформата достапна на Интернет, изјави исландскиот министер за здравство за Франс Прес.

Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи патување на жителите меѓу државите, но исландскиот сертификат во моментов важи само во таа островска држава.

Исланд планира да прими граѓани на ЕУ кои ќе започнат таков механизам или ќе го преземат механизмот поставен од Светската здравствена организација (СЗО).

Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во Шенген зоната, што е ограничен со мерките за борба против коронавирусот.

Дискусија за т.н. ковид пасоши што го олеснуваат патувањето во моментов се предмет на дебата во рамките на ЕУ, но тоа е далеку од консензус.

Земјите како Грција се залагаат за такво решение за спас на нивниот туристички сектор, но земјите како Франција и Германија сметаат дека дебатата е избрзана.

Заев со понуда за ВМРО-ДПМНЕ: Сменете го Мицкоски, да ја делиме власта!

Заев и фрли ракавица на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – ако го сменат Мицкоски, ги кани да ја делат извршната власт..

Премиерот Зоран Заев е подготвен да ја дели власта со ВМРО-ДПМНЕ, но под еден услов – Мицкоски да не е лидер на партијата.. Оваа радикална промена во политиката ја најави во интервју за Слободен печат, и рече дека е негова идеја која допрва треба да ги помине партиските филтри, но е убеден дека ќе ја добие поддршката..

„ Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат....

Владата не би била техничка, прецизираше Заев, туку политичка, по примерот на соработката што ја имаат партиите од левицата и десницата во Германија и Швајцарија.. На ваков начин очекува да запрат антагонизмите во општеството и со сите расположливи капацитети да се направат потребните реформи во државата..

„Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот. Второ, да ја департизираме администрацијата, а тоа е можно ако двете страни се внатре.. Во таква околност, ние ќе го забрзаме нашиот од, напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи, повеќе е застапен и премиерот е на власт, или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата, вели Заев.

Коалицискиот партнер на Заев, Али Ахмети, пак, во првичната реакција за предлогот на премиеротоценува дека во моментов во фокусот треба да биде борбата со корупцијата и ковид пандемијата.

Политичка „бомба“ на премиерот Заев доаѓа во пресрет на конгресот на СДСМ закажан за 21 март, на кој се очекува тој да биде реизбран за партиски лидер, но и во време на превирања во ВМРО-ДПМНЕ и барања на дел од членството за вонреден конгрес на крајот на месецов и смена на Мицкоски.

Пред Владата е Јана Јосифовска..

Роверот на НАСА тргна во потрага по живот во ,,Језеро“ (ВИДЕО)

Сликата за овој анимиран гиф е направена на 5 март 2021 година, од страна на Навигациска камера на роверот Perseverance на НАСА за време на првото возење на Марс.

Клучна цел за мисијата на „ Perseverance “ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на древен микробиолошки живот. Роверот ќе ја проценува геологијата на планетата и климата во минатото, ќе го отвори патот за истражување на Црвената планета од луѓето и ќе биде првата мисија што ќе собере и складира камења на Марс и реголит (скршени карпи и прашина) во кратерот Језеро.

Последователните мисии на НАСА, во соработка со ЕСА (Европската вселенска агенција), би испратиле вселенски летала на Марс за да ги соберат овие запечатени примероци од површината и да ги вратат на Земјата за детална анализа.

Лабораторијата за реактивен погон на НАСА, со која управува „Калтек“ во Пасадена, Калифорнија, е изградена и менаџирана за операциите на роверот „ Perseverance “.

Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле

Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13 чаот и 15 минути од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник.

По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица,јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.

Телото на починатиот,по наредба на јавниот обвинител,било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

притисни ентер