Иселеници од САД помогнаа за спасувачи на вода на Дебарското Езеро

Дебарските иселеници од САД, во соработка со Општинската организација на Црвен крст, и ова лето обезбедија присуство на спасувачи на вода, кои ќе се грижат за безбедноста на капачите на Дебарско Езеро.

Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст истакна дека одлука за тоа е донесена од страна на Управниот одбор на татковинското здружение „Дибра", со седиште во Њујорк.

– Ова е четврта сезона како имаме спасувачи на вода,што го немавме еден подолг период,што не би можеле да го реализираме доколку не добиевме подршка од татковинското друштво „Дибра" на дебарските иселеници во САД. Како и изминатите три лета тие обезбедија финансиски средства за престојот на спасувачи во текот на летната сезона. Од наша страна организиравме дополнителна обука за спасувачите, како и обука за давање прва медицинска помош при полесни повреди, вели Телќиу.

Спасувачите веќе се лоцирани на градската плажа, во делот каде има и најголема посетеност и ќе бидат до 31 август. Но, споредено со претходните години бројот на спасувачи е помал, поради пандемијата со Ковид-19, што условува помало присуство на плажата.

Изминатите години на брегот на Дебарско Езеро, во летниот период дневно имаше со стотици капачи, а за време на викендите и околу две илјади.

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер