Ирската влада под мерки, се разболе министерот за здравство

На членовите на ирската влада им било кажано да го ограничат движењето откако му се слошило на министерот за здравство Стивен Донели, објави Би-Би-Си.

Донели го контактирал својот лекар во попладнево за тестирање со ковид-19, објави државната телевизија РТЕ.

Првичните информации се дека целата влада оди во самоизолација и дека парламентот ќе престане да работи најмалку една недела.

Сепак, потоа се појавија информации дека парламентот може да продолжи со работа во вечерва или утре.

Ирскиот премиер Михаел Мартин за РТЕ изјави дека одлуката за ограничување на движењето на министрите додека се чекале резултатите од тестот на Донели на ковид-19 е донесена од претпазливост.

Ирска денеска забележа 357 нови случаи на ковид-19, најголемо дневно зголемување од средината на мај и зголемување од просечно 203 случаи на ден во однос на претходните седум дена, според Министерството за здравство.

Успеал да го уништо Мустангот на празен паркинг(ВИДЕО)

Ford Mustang и неговите возачи во Америка имаат лоша репутација. Не поминува ден ако некој не се судри, понекогаш на особено имагинативен начин.

Постојат безброј случаи на сообраќајни несреќи во кои е здробен Мустанг, и тоа редовно како резултат на грешка на возачот. Тешко е да се каже дали станува збор за еден вид нервоза, тенденција за претерување, недостаток на претпазливост, но најчесто е сето тоа заедно.

Најновото видео покажува како еден сопственик на „Мустанг“ снима неодговорен возач на Мустанг. "Еве зошто возачите на Мустанг имаат лоша репутација. Излегов со девојката на еден од моите омилени паркинзи, а потоа се појави момче со Мустанг 5.0 и реши да направи "дрифтови", напиша Брајан Калдерон во описот на видеото. Тој продолжил да снима и секако, не долго после тоа, на забавата и дојде крај. Возачот флертувал, а Мустангот го заврши својот танц во бандера.

Регионални избори во Италија, се гласа и за намалување на бројот на пратеници

Италијанците започнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на регионалните избори, од кои најважни се оние во Тоскана, за кои аналитичарите велат дека може да го сменат изгледот на крајната десница.

По пандемиите и карантините, ова е прв тест на државно ниво за владата на премиерот Џузепе Конте составен од левичарската центристичка Демократска партија и популистичкото Движење Пет Sвезди.

Изборите исто така може да бидат исклучително важни за крајната десница со Лига на Матео Салвини. Доколку победи на изборите во Тоскана, инаку упориште на левицата, тој би го вратил статусот лидер на десницата, но евентуалниот пораз ќе ги зајакне неговите опоненти.

Гласачите со маски ќе излезат на гласање денеска и утре, бидејќи расте бројот на заразени. Во моментов има помалку нови инфекции на ден во Италија отколку во Велика Британија, Франција или Шпанија, но сепак има повеќе од илјада.

Регионалните избори ќе се одржат во Кампанија, Лигурија, Тоскана, Апулија, Венето и во провинциите Марко и Вале д'Аоста.

Помеѓу парламентарните избори на почетокот на 2018 година и пандемијата, десницата победи на регионални избори во осум од девет провинции, делумно поради неможноста левицата да учествува со еден кандидат. Експертите предупредуваат дека слична работа може да се случи и сега.

Најважните избори се во Тоскана, со која владее левицата 50 години. Најновите анкети покажуваат дека трката ќе биде тесна.

Левиот блок се очекува да ја задржи власта во јужната провинција Кампанија, но десничарската коалиција на Лига, екстремно десничарската партија Браќа на Италија и партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, може да победат во соседна Апулија.

Се очекува десницата непречено да победи во своите упоришта, северните провинции Венето и Лигурија, а левицата ќе ја преземе власта во Марка.

Паралелно , се гласа и за референдум за намалување на бројот на членови на парламентот - од 630 на 400 во долниот дом и од 315 на 200 во Сенатот. Референдумот се очекува да помине.

Во Германија и натаму над 1.000 новозаболени од коронавирусот

Во Германија се потврдени 1.345 позитивни случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починале, потврди Институтот Роберт Кох.

271.415 лица се разболеле од почетокот на пандемијата во Германија, пренесува Ројтерс.

Вкупно починале 9.386 лица.

притисни ентер