Иран забележа најголем број починати од коронавирусот за последните два месеца

Иранските власти објавија дека повеќе од 100 луѓе починале од коронавирусот во последните 24 часа, што е најголем број смртни случаи во еден ден за последните два месеци.

Иранското Министерство за здравство објави дека 107 луѓе починале во еден ден во земјата.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Иран, починале вкупно 8.837 лица.

Соработка -Министерството за локална самоуправа- Министерството за дигитална трансформација

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и со општините ги интензивира активностите за дигитализација на локалните услуги

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.

На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со поддршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а ќе се направат напори за вклучување на услугите на националниот портал за услуги воден од Министерството за дигитална трансформација.

Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.

-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински. Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретни чекори.

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда

Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми.

Реакција на ставовите на Венко Филипче

Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми.

Македонија за еден месец има поголем напредок, од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка на НАТО и ЕУ, по камати пониски од државните обврзници на САД и земјите од ЕУ. Најавена е голема странска инвестиција во областа на зелената енергија, големи странски инвеститори присутни во земјата водени од сигурноста која ја пружа владата се одлучуваат на големи нови инвестиции. Пензиите се покачуваат. Име повеќе за секого.

Филипче пред да зборува за било што, нека каже со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно? Истата со над 400м2 станбена површина чини повеќе од милион евра.

Филипче да каже на чие име е џипот Ауди Q8, и со кои пари е платен и зошто?

Очекуваме одговор и за фирмите во Бугарија, но и за фирмите на брат му со Вице Заев.

Тендер министерот Филипче должи одговорни за Онкологиjа и за Хематологија и Ирина Пановска, и за одуларната болница во Тетово, и за вакцините и за редица други крвави и дебели тендери. Одговори мора да има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Грција ќе набави од САД 20 воени авиони Ф-35

Испораката на првите воени авиони од петтата генерација се проценува дека ќе биде во 2028 година.

Писмо за прифаќање (Letter of Acceptance) за набавка на 20 воени авиони Ф-35 било потпишано од Генералниот директорат за одбранбена опрема и инвестиции на Министерството за национална одбрана на Грција и испратено до САД, соопшти денеска министерот за одбрана Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Писмото за прифаќање е откако програмата беше одобрена од владиниот совет за национална безбедност (КИСЕА), а според надлежното грчко Министерство предвидена е набавка на 20 авиони F-35 A Lighting II и соодветната опрема, со право за нарачка на дополнителни 20.

Испораката на првите воени авиони од петтата генерација се проценува дека ќе биде во 2028 година.

Министерот за национална одбрана Никос Дендиас рече дека „денес е добар ден за грчкото воено воздухопловство, за грчките вооружени сили и за Министерството“, а земјата ќе ги набави „најмодерниот авион на планетата денес“ и го добива „првиот авион од петтата генерација“.

Објасни дека на испратеното писмо му претходеше одлуката на КИСЕА, известување на грчкиот Парламент и надлежната комисија, а сега со дописот „се означува почетокот на преговорите за договор“, за кои изрази надеж дека набргу ќе бидат завршат.

притисни ентер