Иран пред Меѓународниот суд:Санкциите на САД уништуваат милиони животи

Санкциите на САД што се повторно воведени врз Иран од страна на Доналд Трамп претставуваат „катастрофален напор за задушување на иранската економија и уништување милиони животи“, рече иранскиот претставник пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Судот во Хаг оваа недела одржува рочишта за да утврди дали има надлежност за случајот што Иран го предаде пред МСП, тврдејќи дека санкциите на САД го нарушуваат договорот за пријателство на двете земји.

Одлуката на судиите по ова прашање ќе биде објавена подоцна.

Портпаролот на Техеран, Хамидреза Олумиазди пред судот изјави дека повторното воведување санкции претставува јасно кршење на договорот за пријателство меѓу двете земји од 1955 година, по што немаат дипломатски односи веќе 40 години.

Вашингтон, кој го поништи договорот, рече дека текстот нема никаква врска со спорот и дека Иран се повикал само за да ја утврди јурисдикцијата на МСП, највисокото судско тело на Обединетите нации.

„Американските мерки и политики на максимален притисок не ја земаат предвид самата основа на меѓународното право“, рече Олумијазди.

Санкциите создаваат „проблеми и страдања, вклучително и рекорден пад на иранската трговија, со скоро двојно зголемување на цените на храната и сериозни удари врз здравствениот систем“, додаде тој.

„Единствено што и е важно на американската администрација сега, е дали нејзините мерки ќе успеат да ја уништат иранската економија и милиони ирански животи“, продолжи Олумијазди.

САД во понеделникот побараа од МСП да го отфрлат барањето на Иран за укинување на санкциите, нарекувајќи го однесувањето на Техеран „сериозна закана“ за светската безбедност.

Претставници на Вашингтон тврдат дека МСП не е надлежен да одлучува за постапката иницирана од Иран во 2018 година по повлекувањето на Соединетите држави од меѓународниот договор за нуклеарното вооружување на Иран, придружено со повторно воспоставување еднострани строги санкции за Исламската Република.

Техеран започна со интензивирање на своите нуклеарни активности минатата година по повторното воведување на санкциите од САД.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер