Иран: Бараме постојан нуклеарен договор

Иран денеска објави дека бара постојан нуклеарен договор со светските сили. 

Таков став беше изразен по разговорите со американскиот сојузник Катар за олеснување на застојот на напорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани го посети Техеран една недела откако индиректните американско-ирански преговори со посредство на ЕУ во Доха не успеаја да се оддалечат од „ќорсокакот“ што ги попречува напорите за заживување на нуклеарниот договор.

„Ние сме решени да бараме добар, силен и траен договор и покрај тврдењата на САД, не поставивме никакви барања надвор од нуклеарниот договор“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан на заедничката прес-конференција со шеикот Мохамед во Техеран.

Од минатата недела, Иран ја доведува во прашање решеноста на САД да го спасат договорот, а официјален Вашингтон објави дека Техеран додал нови барања на разговорите во Доха. /МИА

АВМУ: ТВ Алфа со објава на злонамерни информации врши притисок врз АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидот на ТВ Алфа да изврши притисок врз регулаторното тело преку објава на злонамерна информација. 

Имено, во изданието на емисијата „Заспиј ако можеш“, премиерно емитувано вечерта на 16 април 2024 година, новинарот Горан Момировски, меѓудругото тврдеше дека Агенцијата:

се меша во уредувачката политика на ТВ Алфа; и дека

неформално ѝ се заканува на ТВ Алфа дека може да биде затворена доколку нема „некаква избалансираност којашто е многу субјективна“.

Од почетокот на изборната кампања за Претседателските избори, вработени во ТВ Алфа во повеќе наврати се обратија до Агенцијата за појаснување на одредбите од Изборниот законик. И покрај тоа што Законикот во однос на обврската за избалансирано известување години наназад не е изменет и ТВ Алфа медиумски го покриваше секој изборен циклус, Агенцијата, на секое барање од телевизијата секогаш навремено одговара со појаснување на законските одредби. Секако, секој радиодифузер треба да донесе независна уредничка одлука и тоа регулаторот го потенцира во секоја комуникација со медиумите.

ТВ Алфа се пожали во повеќе наврати дека СДСМ и претставниците во власта од оваа партија одбиваат да гостуваат во нејзините програми. Агенцијата ја потсетуваше телевизијата дека во Претседателските избори учествуваат 7 кандидати, а во Парламентарните – 17 партии/коалиции, и имајќи го ова предвид може да постигне баланс при покривањето на кампањата доколку за првите издвои еднакво информативно време, а за вторите известува пропорционално, според бројот на потврдените листи со кандидати. Впрочем, ТВ Алфа не е единствената телевизија којашто се жали дека е игнорирана од некои политички субјекти, а Агенцијата, вообичаено при извлекувањето оценки за балансот ќе има предвид доколку медиумот ги поканил политичките субјекти а тие одлучиле да не учествуваат.

Воедно, ТВ Алфа намерно ја доведува во заблуда јавноста дека критериумот – според кој на радиодифузер нема да му биде обновена дозволата за емитување доколку не известува избалансирано во текот на еден изборен процес, произлегува од Агенцијата. Оваа воопшто не е точно бидејќи тоа е критериум којшто е пропишан во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За жал, ТВ Алфа избра да ги погази професионалните новинарски стандарди и да објави злонамерна информација којашто е една од најлошите форми на манипулација со информациите, бидејќи е создадена со јасна цел да наштети некому, во конкретниов случај – на Агенцијата, се наведува во соопштението на АВМУ.

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

Костадиновска-Стојчевска, денеска во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.

Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.

Тиесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот, соопштуваат од Министерството за култура.

Две девојчиња се повредени во напад со нож пред училиште во Франција, напаѓачот е уапсен

Две девојчиња се полесно повредени во напад со нож кај Суфелвајсхајм, соопшти денеска француската полиција.

Според извештаите, повредените девојчиња се на возраст од шест и 11 години, јавува француската ТВ БФМ.

Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен.

притисни ентер