ИОХН - ЗНМ: Државата да не се меша во работата на медиумите

Во Македонија постои прекумерна регулација на приватните радиодифузни медиуми, државата премногу се меша во креирањето на нивната програма, што негативно се одразува на уредувачката слобода и квалитетот на програмата, но и на финансиската состојба на медиумите.

Ова се заклучоците од Проценката на ефектите од примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз уредувачката медиумска слобода, кои беа презентира денеска од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН) и Здружението на новинари (ЗНМ).
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани нагласи дека едногласна препорака е дека државата воопшто не треба да се меша во креирањето на програмската шема на приватните медиуми. За програмата, додава тој, одлучуваат пазарот, вкусот на потрошувачите, а не политичарите.
Прашањето за професионалната етика на медиумите треба да се реши со саморегулација, самите новинари и медиумите треба да изнајдат механизам за зголемување на одговорноста на медиумот, а не тоа да биде наметнато од државата со закони.
Катерина Колозова нагласи дека Институтот за општествени и хуманистички науки од 2014 се занимава со темата на заробена држава и анализата на нејзините механизми, а во таа смисла е и анализата на овој Закон.

- Актуелниот Закон е совршен пример на илиберална демократија и нејзиниот главен механизам заробената држава, во која извршната власт до толкав степен ги потчинува законодавната и судската, што е практично е единствената власт. Карактеристично за сите илиберални демократии е дека законите премногу се детализираат, што е случај и во овој Закон, со што фактички е сведен на правилник, вели Колозова.
Тој висок степен на детализираност ја ограничува уредувачката политика и новинарската слобода и предизвикува цензура и автоцензурта, а застапниците на ова законски решение велат дека тие не интервенираат во содржината.

- Не чепкате во содржината, но до тој степен со деталите чепкате во формата што нема начин да не ги инхибирате и преплашите уредниците дека во некој миг нешто ќе згрешат. Уредниците се притиснати да бркаа форма наместо суштина за да не бидат казнети, додава Колозова.
Легес ординарес или материјалните закони, кои уредуваат некоја област во нормални демократии содржат две до три глоби, се друго се решава на суд, а во постоечкиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имаме најмногу глоби во Европа во споредба со старите европски деморкатии, односи членките на Унијата пред бранот на проширување во 2004 година. Слична како нас во оваа сфера е Хрватска, но и Унгарија.
Највисоки казни се однесуваат токму на програмските стандарди или на членот 92, а најголем број од изречените мерки на регулаторот се однесуваат на овој член, за кој Колозова се надева дека нема да биде дел од измените.
- Законот е тендециозно детализиран за да се збуни граѓанинот, односно субјектот до тој степен што не знаете каде да ја свртите главата, а да не згрешите, намерно се создава правна магла со цел субјектот да се почувствува беспомешен во рацете на бирократскиот авторитарен судија, кој единствено знае дали си згрешил или не, вели Колозова.

Селмани го актуелизира прашањето за измените на Законот, упатувајќи критика дека Владата со членот 61 сака да има монополот на вистината.
- Ако помине овој член власта во иднина ќе ја утврдува вистината во медиумите, она што според нејзиниот вкус ќе биде лага ќе го казнува со пет илјади евра за медиумот и 1.500 евра за одговорното лице. Овој член од законот ќе има застрашувачки ефекти врз слободата на медиумите и слободата на говорот, ќе ја зајакне постојната самоцензура и ќе ја задуши критиката во медиумите, нагласи Селмани.

Во врска со позитивната реакција на министерот Роберт Поповски дека е подготвен да го повлече членот 61, Селмани изрази претпализвост.
- Ако нешто научив во изминатите седум години е дека треба да бидеме претпазливи во однос на ветувањата на политичарите, вели Селмани.
Тој додаде дека ЗНМ се соочува со потешкотии при обидот да ја појасни новата ситуација.

- Се соочуваме со декларативна заложба за слобода на медиумите, од друга страна има тенденции кои не потсетуваат на однесување на претходната власт, што апсолутно не можеме да го прифатиме, рече Селмани.
Заклучок од истражувањето е дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги е стручна во работењето и непристрасна, но проблемот е што и е даден погрешен закон.
Проблем е политичкиот дел на работењето на Агенцијата, односно директорот во неа има апсолутна власт.

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. 

Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип, се наведува во партиското соопштение.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

притисни ентер