ИНТЕРПОЛ со тим од стручњаци ќе му помогне на Либан во истрагата за експлозијата

Интерпол ќе испрати тим на експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето.

„На барање на либанските власти, Интерпол испраќа специјализиран тим во Бејрут по експлозијата во која загинаа повеќе од 150 луѓе, а голем дел од градот е уништен“, се вели во соопштението на Интерпол.

Меѓународен тим кој вклучува експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место, пренесува ТАСС.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Стоук, рече дека искуството на таа организација ќе им обезбеди значителна помош на либанските власти и дека ќе продолжи да ја обезбедува целата помош што ја бара Либан.

Во Битола почнува фестивалот „Музика од светот"

 Со музичко-актерскиот перформанс „Патеки" кој ќе се одигра во амфитеатарот на Хераклеа Линкестис, вечер во Битола почнува 12. издание на фестивалот „Музика од светот".

Пред публиката во Битола ќе настапат солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска и Тамара Стојковска, а ќе ги придружуваат членовите на битолскиот Камерен оркестар. Специјален гостин на вечерта е Дарко Нешовски кој настапува во Операта во Малме, Шведска.

Во музичко-актерскиот перформанс „Патеки" режиран од Јован Ристовски, учествуваат и актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Фестивалот „Музика од светот" го организира НУ Центар за култура, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.

За отворање на границите ќе се одлучува следната недела

Земјите од регионот следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Патот кон" на ТВ Алсат-М, рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, властите на земјите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Се очекува следната недела координатор на нашето Министерство за здравство пред преставниците на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

 Според најновите податоци на Агенцијата за електронски медиуми, во првите три месеци од годинава преку мобилен се реализирани 1.338.211.097 минути разговор,  или во просек секој од претплатниците зборувал по 702 минути, или 11,7 часа.

Кон мрежи во странски држави се реализирани 3.475.486 минути разговор.

Во првиот квартал годинава во државава се евдидентирани 1.897.408 активни претплатници во мобилната телефонија, односно 23 605 помалку споредено со последниот квартал лани.

Според АЕК, во првиот квартал имало 784 055 резиденцијални при – пејд претплатници , 849 936 пост-пејд, како и 263.417 деловни пост-пејд претплатници.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа , според податоците на регулаторното тело, во првиот квартал годинава имале 1 346 214 претплатници

Во вкупниот број активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава најголем удел има А1 Македонија до 49, 87 проценти, по што следи Македонски телеком со 47,31 процент, а на операторите Лајка мобајл и Роби отпаѓаат 1,96 односно 0,87 проценти од претплатниците.

Уделот на операторите во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги на малопродажно ниво во првиот квартал годинава, пак, е најголем кај Македонски телеком, којшто учествува со 50,65 проценти, додека А1 Македонија има 48,04 проценти, Лајка мобиле 0,55 проценти, а роби 0,76 проценти.

Од вкупниот број претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G/) во првите три месеци од годинава најголемиот дел отпаѓа на А1 Македонија, 50,33 проценти, по што следи Македонски телеком 47,35 проценти, а Лајка мобиле и Роби имаат по 1,10 проценти, односно 1,22 проценти.

Според податоците за состојбата на пазарот за електронски комуникации во првиот квартал годинава во државава се регистрирани 402.540 фиксни линии, 2.086 повеќе споредено со последниот квартал минатата година кога имало 400.454 такви линии. Во јануари, февруари и март годинава македонските граѓани преку фиксни линии оствариле 39.001.409 минути разговор, од кои кон мрежи во странски држави 894.685 минути. Во сопствена фиксна мрежа македонските граѓани во првите три месеци годинава раелизирале 18.124.336 минути разговор, во сопствена мобилна мрежа 6.601.785, кон други фиксни мрежи во државава 8.597.155, а кон други мобилни мрежи во државава 4.783.448.

Со 53,70 проценти Македонски телеком и натаму е најголем давател на услуги со фиксни телефонски линии, по што следат А1 Македонија со 37,77 проценти, па операторите Роби со 5,20 проценти, Неотел со 2,61 процент и Инфел нет плус со 0,72 проценти.

притисни ентер