Во јавноста се постави прашањето зошто во петокот по завршните зборови на обвинетите во предметот таргет тврдина обвинителството не побарало мерка притвор за Мијалков на што обвинителката Вилма Русковска одговори дека тогаш немале законска можност бидејќи тој ги почитувал превентивните мерки и редовно се јавувал на сите рочишта, и дека доколку обвинителството побарало притвор таа одлука можела да се протолкува како прејудицирање на пресудата.
Русковска изјави дека таа била првата која имала сознанија дека Мијалков може да избега, но нејзините информации во тој момент биле непотврдени па затоа не можела веднаш да побара притвор. Таа додаде дека нејзин извор и кажал дека Мијалков ќе избега преку зелениот појас на границата кај Куманово, но ова требало да го потврди и МВР.
Вчера попладне МВР објави меѓународна потерница. Овде во полициската станица Кисела Вода се уште е течат информативните разговори со членовите на семејството на Мијалков и припадниците на неговото обезбедување .Од МВР, за Канал 5, велат дека се направени претреси во повеќе автомобили, земена е документација, мобилни телефони и лап топ компјутери, но засега од полицијата не откриваат дали имаат трага каде би можел да се наоаѓа Мијалков.
Во видеото погледнете го целиот извештај.
Првите информации дека Мијалков се подготвува за бегство пристигнале уште во саботата вечер. Што се му претходело на бегството и дали некаде има пропуст истражуваше михајло видимлиски.
Каде граѓаните ја гледаат вината и кој треба да преземе одговорност за бегството на Мијалков