Интерпол се вклучува во потрага по Сашо Мијалков

Се уште ниту трага ни глас од Сашо Мијалков, кој од неделата непосредно пред да биде донесено решение да биде ставен во куќен притвор стана недостапен за органите на прогонот.

Во потрагата се вклучува и Интерпол откако вчера попладне мвр објави меѓународна потерница. Засега, полициската станица во Кисела Вода е центарот на истрага за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

На информативен разговор повикани се членовите на семејството на Мијалков, меѓу кои неговиот брат и синовите, како и припадниците на неговото обезбедување.

Од МВР, за Канал 5, велат дека се направени претреси во повеќе автомобили, земена е документација, мобилни телефони и лап топ компјутери, но засега од полицијата не откриваат дали имаат трага каде би можел да се наоаѓа Мијалков.

Обновено: Пронајдена е исчезнатата жена од Скопје, сeмејството се заблагодарува

Пронајдена е исчезнатата жена од Скопје. Синот на Павлина им се заблагодарува на сите на помошта. 

Синот на Павлина им се заблагодарува на сите граѓани, а особено на полицајците од полициската станица Пролет, кои помогнале во пронаоѓањето на неговата мајка.

Јутјубер се расфрла со милиони по победата во боксерски меч (ВИДЕО)

Јутјуберот Џејк Пол објави нова фотографија на својот Инстаграм профил откако го доби третиот боксерски меч.

„1,5 милиони платени прегледи на натпреварите, собрани 75 милиони долари“, напиша тој во објавата покрај фотографијата на која позира со банкноти расфрлани низ тревникот.

24-годишната YouTube ѕвезда неодамна се фрли во боксерските води кревајќи голема прашина. Додека едни веруваат дека тој има место меѓу професионалните боксери, други веруваат дека за Пол тоа е само шоу, глуми и собира пари и дека неговата боксерска кариера ќе заврши штом влезе во ринг со професионален боксер.

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали со новата тетоважа на задникот (ФОТО)

Ирланд Болдвин ја покажа новата тетоважа на задникот, позирајќи во бикини.

25-годишната ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали на Инстаграм со новата тетоважа. „Ставив нова тетоважа затоа што сум импулсивна“, напиша таа покрај фотографијата во костим за капење, за која од вчера доби повеќе од 18.000 лајкови.

Тетоважите не и ’се туѓи на младата манекенка и актерка, со оглед на тоа што на рацете има разни дизајни. Уште во 2015 година, на нејзиниот зглоб и беше истетовиран зборот Écureuil (верверица на француски јазик), што е наводно прекарот што и го дал нејзиниот славен татко.

Ирланд исто така не се срами да го покаже своето тело, а во неколку наврати дури и Алек Болдвин реагирал на социјалните мрежи за тоа.

притисни ентер