Интензивно гранатирање и грабежи во главниот град на Судан по завршувањето на прекинот на огнот

Западните делови на главниот град на Судан денеска биле гранатирани, откако продолжија судирите меѓу ривалските воени фракции, велат жителите.

Извештаите велат дека се продлабочува беззаконието во Картум и во западниот регион Дарфур. Борбите меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), кои траат повеќе од седум недели, се интензивираа откако во саботата истече прекинот на огнот со посредство на Саудиска Арабија и САД.

Повеќе од 1,2 милиони луѓе се раселени во Судан, а околу 400.000 луѓе побегнале во соседните земји. Во главниот град, жителите биле оставени на милост и немилост на борбите, воздушните напади и беззаконието. Жителите пријавиле интензивни борби во трите града кои го сочинуваат поширокиот национален главен град - Картум, Омдурман и Бахри.

„Населбата во која живееме во центарот на Омдурман секојдневно е јавно ограбувана и никој не интервенира да го спречи тоа, а околу нас продолжуваат судирите и гранатирањето“, изјави 37-годишниот жител Мохамед Салех. РСФ тврди дека презема мерки за заштита на цивилите со приведување на ограбувачите.

Војната, исто така, предизвика немири во Дарфур на крајниот запад на Судан, регион кој веќе претрпе масовно раселување од претходните конфликти и каде што локалните жители пријавија напади од милиции поврзани со арапските номадски племиња.

Најмалку 40 луѓе се убиени и десетици ранети во градот Кутум во државата Северен Дарфур во последните денови, според активистите кои го набљудуваат регионот. Жителите предупредија на голем грабеж и несигурност во областа. РСФ, чија моќна база е во Дарфур, деенска објави видео на кое наводно се гледа како го заземаат воениот штаб во Кутум, сместен во трговски центар.

Спасовски на „Неготински панаѓур” во чест на верскиот празник Мала Богородица

Со задоволство се одзвав на поканата на неготинци да го посетам познатиот „Неготински панаѓур”, едновековна традиција на овој град за време на гроздоберот во Тиквешијата, а во чест на верскиот празник Мала Богородица.

Оваа тридневна манифестација, со најдолга традиција во Македонија, привлекува голем број гости и посетители од сите краишта на државата, трговци кои ги промовираат своите производи, карактеристични за поднебјето.

На овој ден се дава предност на доброто расположение, радоста на живеењето и другарувањето - нека е за многу години!, објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Бајден се премисли- сепак на Украина ѝ испраќа моќен ракетен систем со голем дострел

Американскиот претседател Џо Бајден го информирал украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе му достави на Киев ракети АТАКМС со долг дострел, објави Ен-Би-Си њуз, цитирајќи тројца американски претставници и член на Конгресот.

Киев долго време бара од администрацијата на Бајден воени тактички ракетни системи (ATACMS) за да ги нападне и прекине линиите за снабдување, воздушните бази и железничката мрежа на територијата окупирана од Русија.

Зеленски вчера го посети Вашингтон за да разговара со Бајден. По тој повод, САД најавија нов пакет воена помош за Киев во износ од 325 милиони долари. Но, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, на прес-конференција вчеравечер рече дека САД ќе ја снабдат Украина со „важни“ системи за воздушна одбрана, но „засега“ не ракети со долг дострел ATACMS што ги бара Киев.

Пентагон не одговорил веднаш на барањето за коментар. Претходно беше објавено дека администрацијата на Бајден размислува за испраќање на ATACMS, кој има домет од 306 километри, во Украина. Системите ATACMS се дизајнирани за напади доста далеку од линијата на фронтот.

Бајден вчера го увери Зеленски дека силната американска поддршка за одбивањето на руските агресори ќе продолжи и покрај противењето на некои републикански пратеници кои се противат на испраќање помош од милијарди долари.

Познати се Србите, кои ископаа тунел од стан до депото на Вишиот суд во Црна Гора

Тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го ископале главно државјани на Србија, кои се идентификувани, а имале и помагачи од Црна Гора, изјави министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ на прес-конференција.

Аџиќ рече дека истрагата открила дека во тоа кривично дело учествувале српските државјани Вељко Марковиќ (32), Милан Марковиќ (53), Дејан Јовановиќ (30) и Владимир Ериќ (32), а во исто време ги објавил и нивните фотографии.

Против тие четири идентификувани лица е поднесена кривична пријава, како и против две непознати лица. „Веруваме дека имале уште најмалку петмина соработници“, рече Аџиќ, посочувајќи дека постои одредена поврзаност меѓу оваа криминална организација и лице од Вишиот суд и членови на црногорска криминална организација кои моментално се во затвор.

Иако Аџиќ одбил директно да каже за која криминална група се работи, се претпоставува дека станува збор за таканаречениот кавачки клан, чиј водач, Слободан Кашчелан, е во притвор во Подгорица.

Црногорскиот министер за внатрешни работи појасни и дека осомничените ја напуштиле Црна Гора на 11 септември, кога во медиумите беше објавено дека е извршен упад во Вишиот суд. Црногорската полиција кон средината на септември откри тунел долг 30 метри, кој од подрумот на станбена зграда водел до зградата на Вишиот суд во Подгорица, судска институција одговорна за најтешките кривични случаи.

Во депото на судот, до кој водел тунелот, се чуваат стотици илјади докази од бројни судски процеси, меѓу кои и дрога и оружје. Пописот открил дека во депото недостасуваат 17 парчиња оружје, но полицијата се сомнева дека криминалците се обиделе да ја сокријат вистинската причина за упадот во Вишиот суд.

Во текот на истрагата, некои судски службеници биле тестирани на полиграф, додека едно лице го одбило тестот. Случајот со тунелот го вознемири целото црногорско судство, а побарани се и оставки од првиот човек на црногорското правосудство и полицијата која ги обезбедува правосудните институции во Црна Гора.

притисни ентер