Институциите си ја префрлаат вината за потпорниот ѕид кој се урна кај Клинички

Во меѓувреме, загриженоста кај дел од граѓаните расте, велат дека се чувствуваат небезбедни додека поминуваат покрај паднатиот потпорен ѕид, а друга опција за движење нема. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

АМСМ: Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението од АМСМ.

Сопственикот на Рома го купува Евертон за 475 милиони евра

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, ќе го купи Евертон за 475 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми.

Според Туто Меркато, Фридкин како резултат на трансакцијата ќе добие 94,1 отсто од акциите, кои во моментов му припаѓаат на актуелниот сопственик на англискиот клуб, Фархад Мошири.

Целата процедура околу одобрување на договорот од Премиер лигата се очекува да потрае повеќе од еден месец, но не се очекуваат никакви проблеми.

Мошири е претседател на одборот на директори и акционер на USM Holdings. Тој се здоби со акции во Евертон во 2016 година.

Компанијата Фридкин Груп стана сопственик на Рома во август 2020 година. Според пишувањата на медиумите, сумата на трансакцијата е околу 600 милиони евра.

Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД

 Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател.

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.

-Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.

На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази.

Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали.

И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни.

Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД.

Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.

притисни ентер