Инспекторите со вкупно 100.000 евра ги казниле прекршителите на замрзнатите цени

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  13.03 до 19.03.2023 година  има извршено над 650 инспекциски надзори на целата територија на Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат наплатени и издадени се над 175 прекршочни платни налози со вредност над 6.230.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало

Во горенаведениот период на територија на Македонија се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 1.750.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори во согласност со своите надлежности. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на законите по кои постапува пазарниот инспекторат.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, соопштија од ДПИ.

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да избегне формирење на ЗСO

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“.

-Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини.

Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот.

Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат .

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Повеќе за инцидентот во следото издание на вестите .

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. 

Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.

притисни ентер