Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор

Од утре инспекторите на терен ќе контролираат дали се почитува новата владина мерка Помалку трошоци, повеќе за тебе“, со која се замрзнаа маржите на најголемиот дел од училишниот прибор. 

Казните за прекршување на одлуката изнесуваат и до 10.000 евра во зависност од големината на трговецот. Од ДПИ апелираат сите граѓани кои ќе забележат неправилности, тоа да го пријават во инспекторатот.

- Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат. - стои во писмената изјава на директорот Горан Трајковски.

Граѓаните ја поздравуваат, а трговците не ја подржуваат мерката. Дел од трговците кои не сакаа да зборуваат пред камера, сметаат дека одлуката на Владата е задоцнета и требало да се донесе во претходните месеци. Велат дека „од денес за утре“ ќе им биде тешко да ги прилагодат цените. Дел од вработените во книжарниците посочуваат и дека се уште не добиле насоки за намалување на цените на продуктите или пак за нивно соодветно означување. Граѓаните кои ги анкетиравме пак ја поздравија мерката и велат дека ќе помогне во буџетот на семејствата кој ги испраќаат децата на училиште.

- Многу добро направија за народот, јас мислам дека е добро што ги намалија цените.

- Прибори за училиште? –Да. Тоа треба да е добро,мислам јас немам деца ама мислам дека е добра одлука.

- Немам деца од школска возраст и не знам колку се цените, ама ако се намалат во секој случај е добро тоа.

Со мерката со замрзнати маржи од 5% во големопродажба и 10% во малопродажба ќе се продаваат тетратки, ранци, повеќе видови на боици, пластелин, четки, линијари, острилки и друг училишен прибор. Премиерот Мицкоски вчера нагласи дека мерката стапува на сила веднаш, а ќе трае до 20ти октомври.

Му плаќаат по 500 евра за да растура свадби, бизнисот му цвета: Распродаден сум до ноември

Средовечен Шпанец по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари.

Тој објави видео на TikTok кое предизвика големо внимание и неверување кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја.

Имено, Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на младоженецот“ и на тој начин да се откаже венчавката, односно да спречи „несакан брак“.

Тој станал тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат венчавката им зборува како за „најлошиот кошмар“, наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

За основна такса од 500 евра ќе се претстави како „љубов на животот на невестата или младоженецот“, молејќи ги да ја прекинат венчавката и да побегнат со него.

„Ако се сомневате во бракот или вашиот партнер, не сакате да се омажите, а не знаете да кажете не, не грижете се. Ќе ви ја откажам свадбата“, вели Ернесто.

Тој додава дека му треба времето, местото и датумот кога ќе се договара венчавката, а за останатото ќе се погрижи сам, пренесува Oddity Central.

Ернесто целата приказна ја започнал на шега, но наводно бил преплавен со барања од заинтересирани. Тој тврди дека наплатува 500 евра, во кои не се вклучени патните трошоци и доплата за „неочекувани инциденти“.

На пример, ако некој му удри шамар или бокс, ќе бара повеќе пари. Секоја шлаканица чини 50 евра!

„Се обидувам да се сокријам, но свесен сум дека кога ме удираат, добивам повеќе пари. Значи, ако можам да одам побавно, одам побавно. Така заработувам“, објасни тој.

@yahorasonsoles 👀 Un negocio que rompe matrimonios: se ofrece a destrozar tu boda por 500 euros. La propuesta de Ernesto triunfa entre los recién casados: "Si tienes dudas o no te quieres casar y no sabes cómo negarte, no te preocupes, yo me opondré a tu enlace". .#YAS #boda #rompebodas #casarte #matrimonio #risas ♬ sonido original - Yahorasonsoles

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека е „распродаден до 2 ноември“.

Автобус слета од пат во близина на Мачу Пикчу во Перу, повредени се над 30 туристи (ФОТО)

Над 30 туристи се повредени кога автобус излетал од пат во Перу, во близина на древниот град на Инките, Мачу Пикчу, објави порталот Перу 21.

„Околу 32 туристи се повредени и сите се однесени во градот Куско“, изјави претставник на перуанската полиција.

Порталот јавува дека возачот на автобусот изгубил контрола бидејќи видливоста била намалена поради магла.

Меѓу повредените има шест Италијанци, пет Мексиканци, двајца Јапонци и еден Кинез.

Полицијата отвори истрага за несреќата.

За 25 милиони долари се продава „куќата на гревот“ во Лас Вегас, сопственикот се сели од САД

Ден Билзериан се сели од „градот на гревот“ Лас Вегас. Односно се сели од САД.

Тој ја продава луксузната вила во која живеел и се забавувал за 25 милиони долари, што ја прави најскапиот имот во градот во моментов. Агент за недвижности изјави за TMZ дека „никогаш не видел нешто слично“.

Огромниот имот, кој се наоѓа во луксузната населба Spring Valley, изгледа како игралиште за возрасни. Има седум спални соби, 14 бањи и гаража која може да собере 16 автомобили. На 3.700 квадратни метри има карпа за качување, игралиште за хокеј на ролери, теретана, кино, соба со тобогани, огромен базен, винарска визба која тешко се гледа и во најголемите винарии, но и соба за оружје...

„За 25 години работа со недвижен имот никогаш не сум видел нешто слично. Трошоците за изградба беа над 20 милиони долари во времето кога беше изграден. Откако Дан го купи овој имот, тој инвестирал милиони за дополнително подобрување на имотот. Квалитетот на градбата и завршните работи се најдобро што сум ги видел, тој увезуваше материјали од целиот свет“, изјавил агентот за недвижности Френк Наполи II.

Билзериан сега ќе живее делумно во Дубаи, а делумно на Бали. Тој планира да го интернационализира својот бренд Ignite.

Ден Билзериан е самопрогласениот „крал на Инстаграм“ кого на социјалната мрежа го следат 32 милиони луѓе. Билзериан тврди дека своето богатство го стекнал на турнири во покер и дека заработил 50 милиони долари во период од 14 месеци. Некои други во светот на покерот тврдат дека ова е едноставна лага и дека тој сигурно не заработил толку пари од покер.

Vice еднаш напишале дека Билзеријан ужива во незаконски стекнатото богатство на неговиот татко. Ден ги оспорил тие тврдења, велејќи дека „луѓето веруваат во секакви работи“.

притисни ентер