Инспекторатот на Град Скопје изрече казна на „Ројал Травел ДООЕЛ" поради вршење превоз без лице

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што е изречена казна за фирмата „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје" и за фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, известуваат од Град Скопје.

-Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ" вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски, информираат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ" под којашто е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со „Беса Транс".

На фирмата „Беса Транс" и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува.

-Градот Скопје континуирано спроведува теренски контроли, со цел законите коишто се пропишани за оваа дејност да бидат почитувани и имплементирани во секојдневното функционирање на фирмите коишто работат со јавен превоз, а со тоа и да се овоз

Мицкоски до Ковачевски: Водењето држава не се става во ексел табела

Кога сме кај табелите повторно сме меѓу најкорумпираните држави во Европа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните.

А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!

Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

За брзо возење 101 казна на територијата на цела држава

Санкционирани се 101 возач во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, соопштија денеска од МВР, четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Милановиќ: Хрватска нема намера да војува за „корумпираната Украина“

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, изјави дека не знае ништо за можниот судир во Украина.

Тој потенцираше дека неговата земја нема да на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција.

притисни ентер