Информацијата на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за енормното загадување на амбиентниот воздух на собраниска седница

Конкретни мерки треба да се преземат за да се реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје и другите градови, а за тоа стручни кадри во институциите треба посериозно да се ангажираат, да се одвојат конкретни средства за решавање на тој проблем

Ова денеска го истакнаа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои поднесоа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух, која денеска беше разгледана од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и беше предложено таа да биде ставена на собраниска седница.

Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема видливи резултати во однос на подобрувањето на амбиенталниот воздух во Скопје и останатите градови.

– Три години чекаме власта да преземе мерки. Ни требаат чесни и одговорни кадри во институциите кои се грижат за оваа проблематика. Проблемот е во чесна имплементација на законите. Спрегата со бизнисот, со политиката е огромна. Главниот проблем е загадувањето и индустријата, потенцира Данев.

Лилјана Поповска од ДОМ рече дека имаат дадено предлог за забрана на увоз на отпад кој би се користел како енергенс. Посочи дека станува збор за Закон, кој оваа недела ќе биде на седница, може да се изгласа и примени и на тој начин ќе се спречи еден извор на загадувањето.

Според неа, еколошки резултати нема, проблем се недоволните стручни кадри во институциите, како и недоволно заинтересираните кадри во Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Индустријата е главниот загадувач. Кај индустријата треба контроли, треба сериозно занимавање од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Таа институција или да работи како што треба или нека се растури. Таа институција како да не постои, затоа што не може да не убеди дека нема загадување. Нека кажат во сите овие години колку пати на една рака ќе се избројат, колку вкупно имаат забележано големи индустриски загадувања, хаварии. На прсти се бројат, а секојденвно гледаме дека има испуштања на загадувачки материи. Тоа што значи, дека не си ја вршат работата или некој е корумпиран, па не сака да ја врши работата, или незнае, нема трето. Треба чесно, стручно, свесно, одговорно да се работи. Изгледа дека корупцијата е можеби најголемото загадување во Македонија, додаде Поповска.

Членовите на Комисијата од СДСМ нагласија дека се одвоени средства за инвертер клими, беше објавен јавен повик за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети и се набавуваат 33 нови еколошки автобуси.

Пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ рече дека во Информацијата поднесена од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема ниту мерки, ниту предложени заклучоци, ниту едно решение од тие кои ги нуделе.

– Откога ВМРО-ДПМНЕ не е на власт полесно се дише и тоа во сите сфери на општеството за сите. Бројот на денови со високо загадување во 2019 година е намален и е драстично помал од 2012 година. Ова се прави врз база на споредба на анализа на податоците од мерните станици за загадувањето на воздухот. Истражувањето од градските власти на крајот на 2016 година укажува дека главен фактор за загадувањето на воздухот во Скопје е начинот на загревање на домаќинствата кои учествуваат во загадувањето со 32 проценти, а потоа следи сообраќајот со 20 проценти. Воведовме мерки за субвенција за замена на нееколошките начини на загревање на домаќинствата, субвенција за инвертер клими, печки за пелети…рече Ацевски.

Додаде дека 33 еколошки МАН автобуски од идниот месец ќе почнат да возат по скопските улици, субвенционирале вградување плински уреди во возилата, се сменил Законот за увоз на возила во кој старите и нееколошки возила се со многу поголеми давачки, а реализацијата на гасификацијата е на многу висок процент./МИА

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

притисни ентер