Информација од АД ЕСМ до сите медиуми

Притисоците на ТВ Телма врз АД ЕСМ се целосно непрофесионални и неприфатливи, реагираат од АД ЕСМ во соопштението до сите медиуми.  

Од минатата грејна сезона, со почетокот на енергетската криза 2021/22, АД ЕСМ доби задолжение од Владата да склучи Договор за деловно-техничка соработка и да набавува мазут за работа на ТЕЦ Неготино. Дотогаш АД ЕСМ набавуваше мазут само за потребите на своите термоелектрани, во одредени помали количини како дополнителен енергенс при согорување на јагленот.

Главното прашање и т.н. аргумент на авторите на емисијата КОД на ТВ Телма врз кој ја доведуваат во прашање регуларноста на набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е зошто во повикот се барала испорака на 1200 тони мазут дневно.

Ги информираме авторите на емисијата КОД на ТВ Телма дека ТЕЦ Неготино троши околу 1000 тони мазут дневно за работа со два котли.

Во повикот се бараше испорака од 1200 тони со цел останатите 200 тони да прават дневно дополнување во резервоарите на електраната и создавање резерви за случаи при евентуален застој од различни причини во испораката на мазут, да не дојде до ситуација термоелектраната да запре со производство поради немање погонско гориво.

Што се однесува до одредбите во тендерските документации на АД ЕСМ, од емисијата КОД емитувана на ТВ Телма на 22.1.2023 година, се стекнува впечаток дека компанијата ги менува условите без било каква основа. Тоа е апсолутно неточно. Условите во тендерските документации се пропишуваат согласно потребите на компанијата за извршување на главната дејност на компанијата – производство на електрична енергија, а не според желбите и можностите на економските оператори во земјава и странство. Со ваквите неаргументирани напади, шпекулации и полувистини што ги пласира во јавноста, ТВ Телма ги доведува во заблуда гледачите.

Ги информираме и потсетуваме авторите на емисијата КОД дека согласно член 23, став 1, точка 10 од Закон за јавни набавки, одредбите на овој Закон не се применуваат на ,,јавни набавки чиј предмет е набавка на енергија или гориво за производство на енергија, ако ги доделува договорен орган кој врши една или повеќе секторски дејности од членот 11 став (1), членот 12 став (1) или членот 17 на овој закон”.

Овој факт го нагласуваме за да потенцираме дека АД ЕСМ би можел да склучува директни договори за набавка на мазут без никакво објавување повици во јавноста, ниту спроведување постапки за набавка. Меѓутоа, АД ЕСМ редовно објавува јавни повици на својата официјална веб-страна и дополнително директно ги контактира лиценцираните фирми кои работат во дејноста од чија област е предметот на набавка. Исто така, многу често АД ЕСМ испраќа и соопштенија до

јавноста за спроведување на повеќето набавки кои се или од голем обем или се од интерес на јавноста од било кој аспект.

Овој начин на работење на АД ЕСМ се практикува со цел да се обезбеди транспарентно работење и конкурентност, како и ставање на увид на јавноста и на сите заинтересирани страни на информациите за набавките кои се прават.

ТЕЦ Неготино последен пат работеше во 2009 година и после 12 години пауза ова раководство на АД ЕСМ заедно со тимот на термоелектраната успеа да ја стави во функција во екот на најголемата енергетска криза во Европа и кај нас.

Нападите од ТВ Телма, чиј основач и сопственик е Макпетрол АД Скопје, кон АД ЕСМ во последниот период се континуирани и претставуваат постојан притисок на кој компанијата е јавно изложена. Не би сакале да помислиме дека зад тоа се кријат било какви други причини освен заштита на јавниот интерес, но повеќе од очигледно е дека со објавите на медиумот планирано се создава револт кај публиката и истите можат да ја загрозат безбедноста на вработените во АД ЕСМ.

Согласно Кодексот на новинарите на Македонија, очекуваме авторите на емисијата КОД да гo објават ова соопштение и соопштението од АД ЕСМ испратено до ТВ Телма и сите останати медиуми на 23.1.2023г.

Во меѓувреме, АД ЕСМ ќе се обрати до Советот за етика во медиумите, до Советот на честа при ЗНМ и други релевантни организации кои ја регулираат медиумската дејност со цел да ги обезбеди своите права во јавниот простор.

АД Електрани на Македонија

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

притисни ентер