Илјас од Гостивар: Ова е наш дом, тука се нашите огништа. тука ќе биде и иднината на нашие деца и внуци

"Почитувани присутни на почетокот на мојот говор би сакал да ви се заблагодарам  затоа што и овој пат сте на праведната страна. Страната на чесните, страната на нашата партија која отсекогаш била со вас и работела за вас. 

,,Страната на победниците. Пак сме заедно тука на исто место затоа што сите знаеме дека од 90 година до ден денес ТДП е единствената опција која се борела за честа и правата на турците во оваа наша заедничка мила татковина.

Гостивар тоа најдобро го знае. Тука во Гостивар сите заедно имаме славено многу победи. И на 16 јули убеден сум дека ќе организираме уште една победничка слава. Зошто тука во тврдината на турската култура, нашата партија никогаш нема изгубено." -истакна кандидатот за пратеник на коалицијата Можеме во ИЕ6, Илјас.

Во продолжение Илјас додаде- "Поминаа 30 години од нашите први чекори. Поминавме низ многу тежок пат. Но како најлојалните граѓани на оваа убава земја, ние турците слободно можеме да се гордеме со постигнатите успеси.

Нашето знаме слободно и гордо се вее на јарболите на нашите општини низ цела држава. Нашиот мајчин јазик е во службена употреба на локално ниво. Нашите деца учат на својот мајчин јазик. Празнуваме на 21 декември ден на наставата на турски јазик. 30 години сме дел од законодавната и извршната власт е на локалните самоуправи.. затоа многу си ја сакаме нашата земја.

Ова е наш дом. Тука се нашите огништа. Тука ќе биде и иднината на нашие деца и внуци"., рече Илјас , се наведува во соопштението на СДСМ.

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката помеѓу Македонија и Белорусија во домените каде што тоа е возможно.

Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија, соопштуваат од кабинетот.

Трендафилов: Половина од јавната администрација нема да добие усогласување со минималната плата

Вработените во здравство, полиција, образование, се само дел од секторите кои во месец април нема да добијат усогласување на нивната со минималанта плата – обвинуваат од Сојузот на синдикати. 

На 8 април излегуваат на протест, од пред зградата на ССМ па се до министерството за здравство, вработените во овој сектор ќе го искажат својот револт од не потпишување на анексот на колективниот договор. Првиот човек на ССМ ги повика сите административци да им се приклучат на протестот.

„Одредени сектори како што е дејноста здравство нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата, нема да добијат ниту во дејноста образование, ниту во полиција, и неколку други дејности, каде ниту со колективен договор ниту со закон е предвидено вакво нешто, а протестот на 8 април ќе биде токму бо насока изразување на незадоволстовото од анкесот на потпишувањето на колективниот договор“, изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Една недела претходно, работниците ќе излезат и на протест за враќање на работничкиот дом. Од пред Врховниот суд ќе побараат преиначување на одлуката.

„Имаат можност а ние во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на работничкиот дом од работниците и за доделување на државата, на државата не и треба уште една зграда и требаат работници, “изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена на новата Влада, враќање платена хранарина и платен превозот за работниците се само дел од барањата, пак кои ќе бидат упатени на големиот традиционален прво мајски работнички протест.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

притисни ентер