Илјадници демонстранти во Берлин бараат од ЕУ спас за мигрантите на Лезбос (ВИДЕО)

Илјадници Германци денеска протестираа во Берлин и другите германски градови, барајќи од Европската унија да се погрижи за барателите на азил, кои останаа без покрив над главата по пожарот во грчкиот бегалски камп Морија.

На демонстрантите во Берлин им се придружи и тетката на Алан Курди, сириското детенце, кое се удави во Средоземното море и стана трагичен симбол на бегалската криза во 2015 година. Фотографиите од неговото мало тело заглавено на турскат плажа го шокираа светот и предизвикаа размислување за потребата да им се помогне на воените бегалци од Сирија.

„Одлучив да зборувам тука во име на сите оние кои не можат да го сторат тоа сами ... Кога не можам да ги спасам членовите на моето семејство, предлагам да се обидеме да спасиме други, заедно“, рече Тима Курди, повикувајќи ги берлинците да им пишуваат на политичарите и да ги повикааат колку може побрзо да делуваат.

„Не можеме да ги затвориме очите или да им свртиме грб“, рече Тима Курди.

Соња Бобрик, активистка на Зебруке, уверува дека „има доволно сместување во Германија за повеќе од 1.500 бегалци во моментов во Грција“, а Берлин веќе вети дека ќе се грижи за нив.

Според полицијата, околу 5.000 демонстранти учествувале на протестите во Берлин. Протести се одржаа и во Келн, Минхен и Лајпциг.

Откако минатата недела избувна голем пожар во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос, околу 12.700 бегалци останаа без покрив над главата. Околу 9000 од нив се сместени во новиот привремен камп.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер