Илјадници Американци протестираа под полно вооружување (ВИДЕО)

Се собраа со тешко вооружување, дури и со панцири на телото и шлемови – а тие не се ниту војници, ниту полицајци.

Во друга западна земја би било неверојатна глетка , но во Америка стана скоро дел од секојдневието.

Ова секако се сопственици на огнено оружје и активисти кои се спротивставуваат на регулирањето на правото на поседување и носење на оружје, вклучувајќи и полуавтоматски пушки кои се посоодветни за воена или анти-терористичка акција отколку за цивилна употреба.

"САД! САД!" извикуваа илјадниците демонстранти кои се собраа оваа недела во Ричмонд, Вирџинија со полуавтоматски пушки во раце или обесени на рамената. Во Америка, тие се познати како бранители на Вториот амандман на Уставот на САД, со кој се гарантира правото на носење оружје.

„Воопшто нема компромис. Вториот амандман вели:„ Нема да биде повредено правото. , а “Не се вели можете да ја имате оваа пушка или не можете да ја имате таа пушка ““, изјави еден демонстрант за новинар на БиБиСи.

„Ако ги немате вашите права од Вториот амандман, ако тоа биде укинато, што е следно?“, рече друг демонстрант.

Протестот во неделата беше организиран да се запре неодамна донесената законска регулатива со која ќе се заостри контролата врз продажбата и поседувањето огнено оружје во оваа јужна држава, во кој демократите предводени од гувернерот Ралф Нортам дојдоа на власт минатата година. Десничарските демонстранти, сепак, дојдоа од целата земја.

"Како што можете да видите, ние сме големи поддржувачи на Вирџинија, за што се залагаат (граѓаните на Вирџинија), нивните уставни права. Значи, ние сме тука за да покажеме поддршка за целата држава", објасни тешко вооружен демонстрант облечен во камуфлажна униформа и со знаме на САД..

Гувернерот Нортам прогласи вонредна состојба пред протестот и забрани носење оружје во областа пред зградата на Државниот Конгрес.

Според „Вашингтон пост“, околу 6.000 демонстранти се собрале на плоштадот Капитол во центарот на Ричмонд, кои морале да поминат низ детектори за метал, додека многу поголема толпа остана надвор каде можеа да ги носат своите пушки АР-15 и друго огнено оружје.

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер