Илиоски:СДСМ во пресрет на изборите имаат намера да префрлат пари од државниот буџет на општинските јавни претпријатија

СДСМ повторно сака со народни пари да ги покрие долговите, кафанските сметки и луксузирањата на нивните функционери и директори на општинските јавни претпријатија.

Свесни за тешкиот пораз кој им претстои во април, СДСМ во пресрет на изборите имаат намера да префрлат пари од државниот буџет на општинските јавни претпријатија за да можат да спроведат класична предизборна и изборна корупција и поткуп на граѓани и гласачи, со една и единствена цел, да останат на власт.

Откако пред околу 14 месеци власта директно од државниот Буџет на општините им исплати околу 49 милиони евра токму за отпис на долговите, овој пат непосредно пред избори, СДСМ има намера повторно да ги прости новите долгови создадени од расипничкото трошење и луксузирање на нивните неспособни директори на локалните јавни претпријатија низ градовите во Република Македонија.

Имено, станува збор за поголем број на јавни претпријатија од различни општини ширум државата кои откако пред речиси една година добија финансиска помош од централната власт и подмирување на долговите, сега за само една измината година, повторно се заглавени до гуша во долгови. Ќе набројам неколку примери на општински јавни претпријатија кои што нивниот долг не само што не се намалил, туку енормно се зголемил.

Се работи за:

− ЈП за стопанисување со спортски објекти Радовиш за само една година го зголемил својот долг за неверојатни 384% односно од 193 илјади денари на 938 илјади денари.

− ЈП за комунални дејности, Комунална хигиена Новаци од 165 илјади денари во 2018 година на 448 илјади денари во 2019 година односно зголемување на долгот за 171%.

− ЈСП Скопје, од 33 милиони денари на 72 милиони денари нов долг, т.е. зголемен долг за 2019 од 113% во однос на 2018г.

− Јавно комунално претпријатие Пела Хигиена Општина Могила, од 387 илјади на 788 илјади денари, односно 103% поголем долг.

− ЈП за енергетски дејности Струмица Гас, од 5,7 милиони денари на речиси 11 милиони денари долг, односно 92% поголем долг.

− ЈП за комунални работи Услуга ЦО Берово, од 23 милиони денари на 40,5 милиони денари односно 71% поголем долг.

− ЈП за јавни паркиралишта Градски паркинг – Скопје, од 10,5 милиони денари на 16,2 милиони денари, што значи зголемување на долгот за само една година за 53%.

− ЈП за комунални дејности Комуналец ЦО Струмица, од 172 милиони денари на 241 милион денари односно 40% поголем долг.

− ЈП за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простории Билјанини Извори Охрид, од 19,1 милиони денари на 24 милиони денари односно 25% зголемување на долгот од лани до сега.

− ЈП Водовов и канализација Скопје, од 215 милиони денари на 241,5 милиони денари односно зголемување на долгот за 12%.

− ЈП за комунални дејности Турија Василево од 10,6 милиони денари на 12,3 милиони денари односно зголемување за 16%.

− ЈП за комунални дејности Комуна Крушево, од 20,2 милиони денари на 22,2 милиони денари односно 10% зголемување на долгот.

− ЈП за комунално-производни и услужни работи Исар Штип, од 104,5 милиони денари на 112,2 милиони денари што значи зголемување на долгот за 7%.

Токму ова е резултатот и штетните последици од раководењето и владеењето на оваа расипничка власт кои СДСМ има намера да ги плати и покрие со пари на граѓаните.

СДСМ уште повеќе се вплеткува во сопствената лага тврдејќи, без никакви аргументи, дека ваквата мерка е во интерес на граѓаните. Сепак, податоците и фактите говорат дека СДСМ повторно дрско лаже. Целата македонска јавност знае дека овој предлог закон за отпис на долговите е во интерес само на функциониерите на СДСМ и заштита на нивните криминали и луксузирање на сметка на граѓаните.

Дополнително, уште еден доказ и потврда за катастрофалната состојба, огромниот криминал и корупција во која се наоѓаат, не само општинските јавни претпријатија, туку и Република Македонија во целост, е последниот извештај и рангирање според угледниот

британски весник „Економист", кој Македонија со оваа власт предводена од СДСМ, ја сместува во групата на држави со „хибриден режим" и се наоѓа рамо до рамо со земји како Кенија,

Танзанија, Мали, Сиера Леоне, Непал, Сенегал, Пакистан и др.

Очигледно, по сите катастрофални политики, криминали и скандали, само СДСМ и луѓето околу нив веруваат дека можат да ја избегнат народната казна и тешкиот изборен пораз кој ќе го претрпат на 12-ти април. Што побргу го сфатат ова во СДСМ, тоа подобро за граѓаните и Република Македонија.

Затоа, ние како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата уште еднаш ќе повториме дека нема да бидеме соучесници во овој грабеж на народните пари кој што СДСМ има намера да го спроведе, се со цел заштита на своите неспособни кадри и директори, како и предизборни и изборни манипулации, поткуп и купување на гласачи.

Зоран Илиоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер