Илинденско послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан

Денес Светата Црква молитвено и со свештен трепет го празнува споменот на светиот пророк Илија. 

Илинденско послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан

ИЛИНДЕНСКО ПОСЛАНИЕ

† СТЕФАН,

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,

ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО

И ДО СИТЕ ЧЕДА НА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

– ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,

А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

Возљубени празникољупци,

Денес Светата Црква молитвено и со свештен трепет го празнува споменот на светиот пророк Илија. Тој е еден од најнеобичните луѓе коишто некогаш живееле на земјата и е еден од најзначајните пророци во Стариот Завет. Но, тој се јавил како сведок Христов и во Новиот Завет, при Неговото славно Преображение, кога на гората Тавор се појавил заедно со Мојсеја[1], посведочувајќи дека Христос е Оној за Кого говореле и пророкувале сите пророци. Светата Црква го воспева денешниов славеник нарекувајќи го „втор Претеча на Христовото доаѓање“[2]. Тоа е потврда за неговата непоколеблива вера и е откровение на Црквата Христова; тоа е единствената причина зошто овој чудесен и свет човек, без да вкуси смрт, бил вознесен на небесата. Само човек како него, кој со својата пламена љубов кон Бога ги спалил сите страсти во своето срце, и кој станал чувар на вистинската вера, можел да се издигне во пророк Божји и во ревносен искоренител на идолопоклонството! Тој, сиот бил оган од самото негово раѓање, бидејќи „со оган бил хранет и повиван од ангели Божји, според видението на татко му“[3]. Поради својот возвишен и молитвен живот, тој и мртви воскреснувал, и храна умножувал, и небото го затворал и дожд измолувал…

Возљубени во Господа,

Сведоштвото на свети Илија е неопходно и во нашиве дни. Живееме во противбожни времиња, во кои сѐ помалку има место за Единиот вистински Бог, Кој заради нас Се воплоти и стана Човек. А светот, кој Го отфрли и Го распна, еве, и во дваесет и првото столетие упорно избира да остане антихристијански, да биде свет во кој непријателот на нашето спасение продолжува да измислува лажни богови, на кои многумина и меѓу нас тргнале да им се поклонат. Но, исто така, со радост гледаме и Му благодариме на Бога, затоа што Тој и во наши дни изнедрува вистински Свои слуги кои не коленичат пред современите непријатели на Бога. Па, кој е призивот на современите христијани, ако не оној што светите Божји пророци го живееле?! Богоугоден христијански живот не е само да се проповеда единствениот вистински Бог, туку и да се сведочи со сопствениот живот, со срдечна љубов и кон Него и кон секој човек, па дури и кон непријателите.

Возљубени потомци на славните илинденци,

Нашиот народ, во својата историја, има блескави примери на вистински подражаватели на ревноста на светиот пророк Илија. Ние сме синови и ќерки на славните илинденци, на луѓе кои, како и нивните предци, знаеле како да живеат христијански. Тие знаеле да поднесуваат страдања и да не се откажуваат од своето најсвето, со што земале учество во спасителниот Крст Христов. Исто така, знаеле и да умираат достоинствено, свесни дека нема поголема љубов од онаа – да ја положиш душата своја за ближниот свој[4]. Какво место имале Богочовекот Христос и Мајката Црква во нивните животи, ни говори и тоа што по цели пет века на тешко ропство ја сочувале верата, не заборавајќи кои се и не одрекувајќи се од најголемиот дар со кој Бог го обдарил човекот – слободата. Тие биле свесни дека скапо сме платени и дека не треба да стануваме робови на луѓе[5], свесност која денес нам, современите Македонци, насушно ни е потребна!

Илинденското востание, вклучително и неговиот краен исход, кој, всушност, е восход кон Бога, е залог да постоиме како народ со своја држава, затоа што храбрите и богољубиви илинденци знаеле дека нашиот опстанок како народ, и во времето и во вечноста, не зависи од нас, туку исклучиво од Промислата и Милоста Божја. Знаејќи, пак, дека неправдата никогаш не може да биде посилна од правдата, ниту ропството може да се спореди со слободата, нашиот народ одлучил на Илинден во 1903-та година да се крене на востание, не плашејќи се пред далеку побројниот и понаоружан поробител. Токму поради таа нивна жртва, проникната од нивниот копнеж за слободна и независна Македонија, нашиот народ ги пожнеал плодовите на вториот, асномски Илинден, во 1944, стекнувајќи своја држава, за на третиот Илинден, во 1991 година, Македонија да стане независна и суверена.

Возљубени родољупци,

Секое поколение треба да го носи своето бреме, но за нас, наследниците на славните илинденци, тоа благословено „бреме“ не е ништо друго туку Крстот Христов, кој, за оние што гинат е безумство, но за нас кои се спасуваме е сила Божја[6]. Затоа, „да застанеме смерно, да стоиме добро“[7], и со свештен трепет да внимаваме од живиот Бог да не отпаднеме, поведувајќи се по некакви нови проповеди за „нова слобода“, кон која нѐ повикуваат новите погубни идеологии, кои водат (о)родување со сѐ и сешто, само за да заборавиме дека сме род Негов, народ избран, царско свештенство[8]. Не поведувајќи се по други „божества“, да ги чуваме и да ги воспитуваме нашите деца во Црквата Христова, затоа што единствено во неа ќе Го познаат вистинскиот Бог, и само така и само тогаш нашиот народ ќе продолжи да го чува и да го носи благословот Божји.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Нашето поколение Македонци е исправено пред современите предизвици, но има и света должност да опстои според начелата на нашите славни и во Бога бесмртни илинденци. Слободата во која се родивме и во која живееме, Татковината наша Македонија, љубената ни Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква, почиваат на себепринесувачката и саможртвена љубов, и на исповедничката и маченичка крв на нашите предци.

Молитвениот спомен на денешниов ден, за сите нив, е наш молитвен принос пред Бога, за нивните души да ги насели и да ги утеши во Својот покој. Исто така, се молиме и нас да нѐ утврди по патот по кој тие чекореа, по патот што води во живот вечен и во заедничарење со нив во Светата Литургија, која е реална средба со воскреснатиот Христос и со сите оние кои во Него починале со надеж на Воскресение и живот вечен[9]. Само ако така живееме, свесни дека ќе треба пред Бога одговор да дадеме, и ние, со Божја помош, ќе останеме свои на своето, па на следните поколенија Македонци ќе им го предадеме сето она за коешто илинденските јунаци се бореа и за коешто се жртвуваа, а нам во аманет ни го оставија.

По молитвите на свети пророк Илија нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа за нашата национална и духовна слобода!

Бог да ги благослови и да ги сочува до крајот на вековите: нашата Татковина – Македонија и Мајката – Македонската Православна Црква!

Честит и вечен Илинден!

† СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод

на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

† ПЕТАР,

Митрополит Преспанско-пелагониски

и администратор Австралиско-новозеландски

† ТИМОТЕЈ,

Митрополит Дебарско-кичевски

и администратор Австралиско-сиднејски

† НАУМ,

Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ,

Митрополит Повардарски

† ЈОВАН,

Митрополит Крушевско-демирхисарски

† МЕТОДИЈ,

Митрополит Американско-канадски

† ПИМЕН,

Митрополит Европски

† ИЛАРИОН,

Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ,

Митрополит Тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ,

Митрополит Кумановско-осоговски

† ЈОАКИМ,

Епископ Дељадровско-илинденски

† МАРКО,

Епископ Делчевско-каменички

Илинден, 2024.

Приведени двајца возачи кои удриле пешаци во Скопје

 Двајца возачи кои вчера со возила удриле пешаци во Скопје се лишени од слобода, а возилата им се одземени.

Приведени двајца возачи кои удриле пешаци во Скопје

Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот И.С.(45), затоа што вчера околу 21:50 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.

-Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка, велат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што вчера околу 17:30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението.

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој ќе управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин.

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој ќе управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи воспоставување привремена администрација во Украина.

Засега нема коментар од Украина во врска со изјавата на Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа рече дека треба да се смета како опција ставањето на Украина, која тој ја нападна во 2022 година, под администрација на Обединетите нации за да се овозможи одржување нови избори во земјата.

- Таква практика постои и во принцип, се разбира, може да се разговара за можноста за привремена администрација на ОН со САД, европските земји и, се разбира, и со нашите партнери и пријатели, рече Путин за време на состанокот со војниците на нуклеарна подморница во базата во Архангелск.

Како што пренесе ДПА, целта е да се одржат демократски избори на кои на власт ќе дојде влада способна да дејствува за мировен договор.

- Потоа ќе почнеме преговори за мировен договор, ќе потпишеме легитимни документи кои се признати во светот и се безбедни и стабилни, рече Путин.

Руската влада постојано се обидуваше да го дискредитира легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Редовниот мандат на Зеленски заврши во мај 2024 година, но не може да се закажат избори поради воената состојба која е во сила веќе три години. Путин, исто така, постојано се повикуваше на нацистички слики и реторика од Втората светска војна за да ја оправда инвазијата на Украина, и покрај фактот што Зеленски е Евреин.

Украинскиот парламент во февруари усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски со јасно мнозинство. Многумина во Украина веруваат дека одржувањето на избори во услови на тековниот конфликт би било непрактично и нефер, бидејќи би било тешко да се обезбеди учество на војници и раселени цивили.

На меѓународно ниво, Зеленски и понатаму е признат како претседател.

Путин, исто така, повтори дека Русија претпочита мирно решение на конфликтот со Украина, „но не на нејзина сметка“.

Тој рече дека е подготвен да преговара – вклучително и со Европејците, но истакна дека Русија нема да биде измамена.

Во воена смисла, рускиот претседател еднаш рече дека е сигурен дека Москва ќе победи. Руските сили веќе зазедоа 99 проценти од Луганската област и повеќе од 70 отсто од областите Доњецк, Херсон и Запорожје, кои Москва исто така ги анектираше.

Парламентарните партии се договорија: Гренланд денеска добива нова влада

Пратениците на Гренланд вчера се согласија за формирање на нова влада, здружувајќи се во  отпорот кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.

Парламентарните партии се договорија: Гренланд денеска добива нова влада

Четири од петте партии избрани во парламентот на Гренланд се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од вкупно 31 место во законодавниот дом.

Договорот треба да биде потпишан денеска, пишува весникот „Сермитсијак“, повикувајќи се на Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократите, најголемата партија во парламентот.

Договорот доаѓа во време кога претседателот Трамп ги засили своите напори да добие контрола над Гренланд.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигнува на Гренланд каде ќе ја посети американската вселенска база Питуфик.

По изненадувачката победа на неговата централнодесничарска партија на изборите на 11 март, Нилсен рече дека сака да формира најширока можна коалиција за да помогне во отпорот на притисокот на САД. Конечниот договор исклучува само една партија, Налерак, која во понеделникот излезе од преговорите за коалиција.

Гренланд има богати наоѓалишта на минерали и се протега на стратешки воздушни и поморски патишта во време кога САД, Русија и Кина се обидуваат да позиционираат на Арктикот.

притисни ентер